„Кери и Ѕверката“ со седа коса на црвен тепих – ѕвездите од „Сексот и градот“ се пример за безвременска убавина (фото)
- Детали
- четврток, 09 декември 2021
Хит-серијата „Сексот и градот“ доживеа уште една сезона, а актерките кои ги глумат познатите Кери, Шарлот и Миранда изгледаа одлично на премиерата и покажаа дека за нив, годините се само број.
Сара Џесика Паркер (56), Синтија Никсон (55) и Кристин Дејвис (56) заблескаа на премиерата на новата сезона од „Сексот и градот“ во Њујорк и покажаа дека годините навистина не им можат ништо.
Актерките кои ги репризираа улогите од хит-серијата изгледаа одлично на црвениот тепих со елегантни комбинации.
Сара Џесика Паркер се појави во сив фустан со широко здолниште украсено со розова чипка, како и сива свилена наметка. Комбинацијата ја дополнила со розови чевли, дијамантски ѓердан и дијамантски обетки.
Седата коса што ја носи гордо, ѝ беше собрана во пунџа, a посебен впечаток оставија.
Таа остави посебен впечаток на безвременска, природна убавина, заедно со Крис Нот, кој го глуми „Ѕверката“ - двајцата гордо ја носат својата седа коса.
На премиерата, Сара присуствуваше со сопругот Метју Бродерик и нивниот 19-годишен син Џејмс Вилки кои носеа слични костуми.
55-годишната Синтија Никсон носеше долг портокалов фустан со копчиња, во комбинација со портокалови чизми.
Кристин Дејвис се појави со долг темносин фустан со интересен детаљ на горниот дел и дијамантски обетки.
Крис Нот на премиерата дојде заедно со сопругата Тара Вилсон.
Новата сезона од серијата е насловена And Just Like That и се фокусира на животот на добро познатите Кери, Миранда и Шарлот во 50-тите години од нивните животи.
Сезоната ќе има само 10 епизоди кои ќе почнат да се емитуваат на HBO Max денес, на 9-ти декември.
Ким Катрал, која ја глумеше Саманта, одби да се појави во новата сезона, а наводно во серијата ќе биде објаснето што се случува со нејзиниот лик.
Повеќе фотки од премиерата:
Спирова С. | Црнобело