Закани со затвор заради самозадоволување на сцена, цензурирана заради голотија – Скандалозните однесувања на Мадона (63) низ годините
- Детали
- понеделник, 06 декември 2021
Од самозадоволување на сцена и јавна осуда од католичката црква до закани за затворска казна и отстранување на фотографии. Проследете некои од најинтересните скандали на Мадона во нејзината кариера.
Минатата недела поп-кралицата Мадона (63) објави разголени фотографии, а потоа го обвини Инстаграм дека ја цензурирал и ѝ ја избришал фотографијата на која таа била во топлес издание.
Мадона одлучи да го возврати ударот па ја објави истата фотографија на која градите ѝ се покриени со срциња.
„Како тоа да е единствениот дел од женското тело што се сексуализира. Брадавиците што ги дојат бебињата! Нели може брадавиците на мажите да се гледаат на еротски начин? И што е со задникот на жените што никогаш не бил цензуриран никаде.
Повторно објавувам фотографии што Инстаграм ги тргна без предупредување или најава“.
https://www.instagram.com/p/CWtb5sSI031/?utm_source=ig_web_copy_link
Ова не е прв скандал на поп-кралицата во текот на нејзината долгогодишна кариера. Впрочем, се чини дека целата кариера на сега 63-годишната Мадона е обележена со скандали.
Од самозадоволување на сцена до контроверзни видео-спотови и забрани.
Потсетете се на некои од највпечатливите скандали на Мадона:
Додека сè уште не била славна во 1978-мата година Мадона позирала гола за хонорар од 30 долари, а кога фотографиите биле објавени во 1985-та таа изјави: „Не се срамам!“
Во 1990-та година нејзината концертна турнеја Blond Ambition беше наречена сатанистичка од страна на католичката црква, а папата ги повика верниците да не ја поддржуваат на турнејата.
Во 1989-та година добила отказ од Pepsi кои ѝ биле спонзори, заради скандалозните содржини во видео-спотот за песната Like a Prayer.
Откако MTV го забрани видео-спотот за песната Justify My Love, Мадона одлучи да издаде сингл-видео спот, што веднаш се распродаде.
Полицијата во Торонто во рамки на турнејата Blonde Ambition ѝ се заканила дека ќе заврши во затвор ако на јавниот настап го изведе процесот на самозадоволување што го имала на претходниот настап. Одговорот на Мадона бил: „Не го менувам шоуто“.
Во 1993-та година Мадона беше јавно осудена од властите во Пуерто Рико кога на сцена јавно почна да се допира со нивното знаме во интимните делови од телото.
Кога се омажи за Гај Ричи почна да говори со лажен британски акцент. За чудо, веднаш по разводот Мадона почна пак да говори со американски акцент.
Во 2003-та Мадона беше топ-тема кога на доделувањето на VMA наградите размени страсни бакнежи со Бритни Спирс и Кристина Агилера.
Во 2016-та година на Мет Гала се појави во скандалозен аутфит кога задникот ѝ беше речиси во целост откриен.
Последните фотографии на Инстаграм се само доказ дека Мадона иако е во седмата деценија од животот нема намера да се откаже, ниту да забави, па наоѓа начин како да им се спротивстави и на социјалните мрежи доколку се обидат да ја цензурираат.
Б. С. Б. | Црнобело