Џон Леџенд со романтична порака по повод роденденот на Криси Тајген: „Ти си моја кралица, те сакам“
- Детали
- среда, 01 декември 2021
Со вечера на отворено, балетски перформанс и игра со пердуви со 4-годишната ќерка Луна, Криси Тајген го прослави 36-иот роденден. Нејзиниот сопруг Џон Леџенд (42) упати романтична порака за да ѝ го честита роденденот.
Манекенката и авторка на книги за готвење Криси Тајген синоќа (30.11) го прослави 36-иот роденден, а на социјалните мрежи нејзините следбеници имаа можност да видат како изгледала забавата.
„Го славиме роденденот на мојата кралица вечерва. Ова е совршена вечер. Го заслужуваш сето ова, но и повеќе. Ќе те сакам вечно“ – ѝ порача Џон Леџенд на Криси Тајген која вечерва го слави својот 36-ти роденден.
Криси во Инстаграм Стори објави неколку кратки видеа во кои можеме да видиме како изгледала пријатната вечера по повод нејзиниот роденден.
Поканетите уживале во вечерата на отворено, а имале можност да проследат и балетски перформанс.
Претходно, Криси имаше фото-сесија каде позираше во розова сатенска наметка, но нејзините пријателки Нова Каплан и Витни Камингс одлучиле да го искористат декорот во просторијата и да приредат забава за 4-годишната ќерка на Џон и Криси, Луна. Тие трите си играат со пердувите на подот, додека Криси позира.
„Нова и Витни, ве молам не ми ја уништувајте фотографијата“ – им порача Криси на нејзините пријателки.
Инаку Џон и Криси се во брак од 2013-та година, а заедно ги имаат децата Луна и Мајлс.
Прочитајте и Најдобрата Halloween маска годинава: Криси Тајген и Џон Леџенд со децата како Addams family (фото)
Б. С. Б. | Црнобело