„Го направив рецептот на Криси Тајген за потпечени тестенини – дали вреди да се проба?“
Криси Тајген објави своја книга со рецепти, а нејзиниот начин за подготовка на потпечена паста добива позитивни критики. Велат дека е лесен е за подготвување, лесен е за помнење и на крај, тестенините се мошне вкусни.
Новинарката Каила Ју вели дека го пробала рецептот на Криси Тајген за потпечени тетстенини со шунка и грашок, објавен во нејзината книга Cravings: All Together и вели дека се потребни само 15 минути за подготовка на ова јадење, а за брзо време овој рецепт станал еден од нејзините омилени.
Таа своето искуство го пренесе во текст објавен на Insider, а во продолжение можете да го проследите во целост:
Во поголем сад ставив солена вода да зоврие, во која ги сварив тестенините.
Рецептот на Тајген е со свежи тајатели, тестенини што наликуваат на ленти, но не најдов такви во мојот локален супермаркет, па се одлучив за суви фетучини. Мислам дека овој рецепт ќе одговара со каков било вид на тестенини.
Во тава, ставив путер, лук и брашно додека аромата не почна да се шири низ собата.
По ова додадов крем за готвење, млеко, сол и морско оревче.
Ја готвев оваа смеса додека да се згусти, а потоа додадов изрендан пармезан.
Навистина ми беше тешко да одолеам, а да не натопам парче леб во мешавината и да го изедам така.
Ја вклучив ререната да се загрее, а зготвените тестенини, со малку путер ги префрлив во плех за печење.
Кога сè беше добро измешано, додадов смрзнат грашок и шунка.
Тестенините ги прелеав со подготвениот сос и ги измешав убаво состојките.
Врз нив изрендав дополнително кашкавал и готовите тестенини ги ставив да се потпечат додека не добија златно-кафеава боја.
Резултатот се вкусни, меки, тестенини што можете да ги подготвите за вечера во секоја пригода. Едноставно со овој рецепт можете да импресионирате некого кого сте го поканиле на состанок или да го подготвите за децата.
Дефинитивно ќе го додадам овој рецепт во мојот репертоар. Беше мошне лесно да се приготви, а веќе го запомнив.
Б. С. Б. | Црнобело