Бритни Спирс минатата година си го запали домот, а сега открива: „Конечно ми ги препишаа вистинските лекови“
- Детали
- вторник, 30 ноември 2021
По 13 години легално старателство се чини дека среќата конечно ѝ се насмевнува на Бритни Спирс: има нов свршеник, го живее сопствениот живот како што сака, а се пошегува на сопствената сметка за пожарот што го предизвика во својот дом.
Поп-пејачката Бритни Спирс (39) неодамна успеа да се ослободи од легалното старателство на нејзиниот татко Џејми Спирс што ѝ беше наметнато пред 13 години, а во најновата објава на Инстаграм откри уште неколку интересни детали за себеси.
https://www.instagram.com/p/CWrbcD0sGQK/?utm_source=ig_web_copy_link
Очигледно, Бритни која во моментов е свршена со нејзиното долгогодишно момче Сем Ашгари (27), веќе ужива во претпразничната еуфорија, а во објавата сама се наврати на моментот кога пред една година предизвика пожар во сопствената теретана со запалени свеќи.
„Тоа прекрасно, убаво и топло чувство на кое чекав цели 13 години, да бидам во можност конечно да го живеам сопствениот живот како сакам, конечно е тука!!! Радосна сум што можам да запалам свеќи.
И можете да бидете сигурни дека моите молитви се мошне силни затоа што конечно пред еден месец ми ги препишаа вистинските лекови. Конечно можам да се молам. Се чувствувам убаво што сум тука“ – напиша меѓу другото Бритни.
https://www.instagram.com/p/CW4J-S3sH-u/?utm_source=ig_web_copy_link
Инаку, претходно во април годинава, во сопствените објави на Инстаграм Бритни откри дека неколку месеци не можела да влезе во теретаната затоа што претходно (во ноември 2020-та година) предизвикала пожар со две мали свеќи.
„Тоа беше несреќен случај… Но, да... ја запалив теретаната. Поминав покрај вратата на теретаната и имаше оган. Бум!!! Но, фала Богу алармот се вклучи и никој не беше повреден“ – напиша тогаш таа.
Инаку, Бритни имаше проблеми со менталното здравје откако се разведе со поранешниот сопруг Кевин Федерлајн, а тврдеше дека нејзините легални старатели без нејзина дозвола дури и ја сместиле во институција.
Таа не кажува со какви точно проблеми се соочува, но во својата најнова објава рече дека откако конечно ги добила вистинските лекови по три месеци може конечно да очекуваме промена кај неа.
Прочитајте и Трета среќа: Сем Ашгари (27) ја запроси Бритни (39) со дијамантски прстен од 70.000 долари, откако татко ѝ ја „ослободи“
Б. С. Б. | Црнобело