Кајли Џенер со ќерката поминала покрај мртвите тела на фановите – нови детали за трагедијата на концертот на Тревис Скот
- Детали
- вторник, 09 ноември 2021
Кајли Џенер била изнесена од концертот на Тревис со телохранители и поминала покрај мртвите тела на фановите, јавноста ја критикува бидејќи со неа била и Сторми, а додека сите Кардашијанс го искажуваат нивното сочувство за трагедијата, Клои се најде на мета на критики бидејќи си објавува провокативни фотографии.
По трагедијата на концертот на Тревис Скот, во Хјустон, Тексас, каде настана стампедо и загинаа осум лица, а над сто се повредени, и Кајли и Тревис се огласија, изјавувајќи дека се скршени, но и дека воопшто не биле свесни за она што се случувало во публиката, а сега се огласија и Кендал и Ким.
Три дена по настанот, Кендал Џенер, која присуствуваше на концертот заедно со сестра ѝ Кајли сподели изјава на Инстаграм:
„Уште сум без зборови за настаните на концертот. Срцето ми е скршено за семејствата кои ги изгубиле саканите и моите молитви одат до сите кои беа засегнати. Им ја испраќам целата моја љубов на сите повредени и им посакувам сила во овој страшен и чувствителен период“.
И Ким Кардашијан се огласи на Твитер во врска со настанот:
„Срцето ми е скршено за животите кои се изгубени и сите кои беа повредени на концертот. Исто како сите вие, и нашето семејство е шокирано од трагедијата.
Се молиме за сите жртви, семејства и оние кои беа засегнати – како и за Тревис кој многу се грижи за своите фанови и е вистински уништен“.
Absolutely heartbroken for the lives who were lost and anyone who was hurt at Astroworld. Just like all of you, our family is in shock by the tragedy.
-->— Kim Kardashian (@KimKardashian) November 9, 2021
We are keeping all of the victims, families and loved ones impacted in our prayers for healing - as well as Travis who we know cares so much about his fans and is truly devastated. 🙏🏽💔🕊
— Kim Kardashian (@KimKardashian) November 9, 2021
Клои, пак, се најде на мета на критики бидејќи среде трагедија си сподели неколку провокативни фотки на Инстаграм.
„Дечкото на сестра ти е одговорен за масовна трагедија, а ти си споделуваш фотографии?“
„Некои луѓе умреа, Клои“.
„Зарем не тагува целото семејство за она што се случи на концертот?“
Иако во својата изјава Кајли тврди дека со Кендал не знаеле што се случило сè додека не ги виделе новостите во медиумите, оние кои биле присутни на концертот велат дека ја виделе Кајли како го напушта настанот, минувајќи покрај повредените и мртвите фанови кои лежат на земјата.
„Кендал и Кајли имаа 6 огромни телохранители со нив. Откако ситуацијата ескалираше, беа изнесени и поминаа покрај мртвите тела и луѓето кои беа реанимирани. Ги држеа главите наведнати за никој да не им ги види лицата.
Правеа сè за никој да не ги забележи и беа целосно покриени за да не им се гледаат реакциите. Пред нив еден човек беше изнесен на лежалка“, тврди извор за The Sun.
Портпаролот на Кардашијанс ги негира овие зборови, но онлајн се појави видео на кое се гледа како Кендал и Кајли се пробиваат низ толпата.
Очигледно, јавноста е гневна на Тревис и Кајли, па почнаа да ги критикуваат и за нивната ќерка Сторми – иако има само три години, и таа присуствувала на концертот.
„Лудо е што Тревис ја донел ќерка му на концертот иако знае дека публиката може да полуди и дека самиот ги охрабрува луѓето да се однесуваат така. Сторми сигурно видела како луѓето губат свест и се повредуваат поради нејзиниот татко“.
„Многу неодговорно од Тревис и Кајли што донеле мало дете на ваков настан. Таа е само бебе. Зарем има потреба да присуствува?“
„Уште не можам да се помирам со фактот дека Кајли и Тревис ја однеле Сторми на концертот“.
Концертот на Тревис беше дел од фестивалот Astroworld, а во стампедото животот го изгубија осум лица, помеѓу кои 14-годишно момче и 16-годишно девојче.
На неколку фанови престанало да им работи срцето и биле пренесени во болница, а еден полицаец бил прободен со игла.
Тревис продолжил да настапува околу половина час откако ситуацијата ескалирала. Според присутните, тогаш публиката веќе викала на цел глас да се прекине концертот.
Наводно, Тревис и организаторите на настанот веќе добиле неколку тужби од повредени фанови, но уште не е познато како точно почнало стампедото и дали Тревис навистина е одговорен.
Прочитајте повеќе: Тревис Скот, дечкото на Кајли Џенер, обвинет за смртоносното стампедо на неговиот концерт – има 8 загинати, а таа го брани
Спирова С. | Црнобело