7 славни жени кои замрзнале јајце клетки (и причината за тоа)
- Детали
- сабота, 08 јануари 2022
Одлуката да се има дете и да се стане мајка не секогаш е така лесна и едноставна за реализација.
Токму поради тоа, од различни причини, овие славни жени се решиле за замрзнување на јајце клетки:
Ева Лонгорија
Ѕвездата на Очајни домаќинки решила да замрзне јајце клетки, додека овој филмски проект траел. По години приоретизирање на кариерата, Ева конечно реши да стане мајка на 43-годишна возраст.
https://www.instagram.com/p/CQUUqBCHiMe/?utm_source=ig_embed&ig_rid=767c3d8f-4bd8-4ebf-9e7b-33dd6f1b78bf
Софија Вергара
Софија Вергара ги замрзнала своите јајце клетки, кога беше во брак со сега веќе бившиот сопруг Ник Лоеб, за да ги искористи со сурогат мајка. По битката за „правото“ врз нејзините јајце клетки, кои Ник ги бараше да останат негова сопственост, Софија извојува победа.
Рита Ора
Познатата пејачка замрзнала дел од своите јајце клетки на 26-годишна возраст, за подоцна да може да создаде големо семејство.
https://www.instagram.com/p/CPDrYx-n-36/?utm_source=ig_embed&ig_rid=de2b6bdb-8436-4803-9239-0125d0927018
Ребел Вилсон
Актерката на Инстаграм објави дека нејзиниот 40-ти родеден решила да го прослави со замрзнување на јајце клетки.
Ким Кардашијан
Ким Кардашијан се соочи со потешкотии кога ги раѓаше своите деца, па кога открила дека секоја следна бременост е голем ризик, одлучила да замрзне јајце клетки, во случај да сака да користи сурогат.
Парис Хилтон
Инспирирана од Ким, Парис Хилтон исто така има замрзнати јајце клетки, но само затоа што сака да роди близнаци – исклучиво едно момче и едно девојче.
М. Д. | Црнобело