Вирално видео: Адам Левин критикуван откако со згрозување и пцуење одби да прегрне обожавателка
- Детали
- четврток, 28 октомври 2021
По вирално видео на кое се гледа како Адам Левин се згрозува и пцуе откако обожавателка се качува на сцена и го прегрнува, пејачот беше остро критикуван, а сега и се огласи за ситуацијата, велејќи дека едноставно, бил вџашен и затоа изреагирал така.
За време на концерт што се одржа пред околу една недела, фронтменот на Maroon 5, Адам Левин, ја разбранува јавноста со неговата (несоодветна) реакција откако обожавателка се качи на сцената и го прегрна.
На видео објавено на ТикТок кое стана вирално за помалку од два дена, се гледа како пејачот настапува со неговиот бенд Maroon 5, кога во еден миг обожавателка се качува на сцената за да го прегрне.
Повеќе од очигледно е дека 42-годишниот пејач е фрустриран од постапката на девојката, па само се оттргнува од неа со израз на лицето како да се згрозува.
Пејачот дури кажа и пцост, направи гест како да се тресе и згрозува и замина на другиот крај од бината.
Во меѓувреме бендот продолжува да свири, а наводно, кратко по инцидентот, и пејачот продолжил со пеење.
@luispenaloza9525 Adam Levine was a whole mood yesterday? #Fyp #ForYou #Maroon5 #AdamLevine #Hollywood #HollywoodBowl
♬ Sunday Morning - Maroon 5
Штом видеото беше објавено онлајн, на сите социјални мрежи почна лавина коментари од разочарани фанови кои сметаат дека пејачот претерал со реакцијата.
Многумина нагласуваат дека тој е славен поради обожавателите и би требало да им покаже повеќе почит.
„Треба да сфати дека сите негови пари, автомобили и куќи се благодарение на ФАНОВИТЕ“.
„Треба да се смири и на секунда да биде поскромен“.
Но, дел од јавноста смета дека реакцијата му е сосема во ред.
„Девојката го зграпчи, а него му е видно непријатно. Тој е човек. Личниот простор е негово право. Не ми кажувајте дека нема да се ’згрозите‘ ако некој ве фати така без ваша дозвола“.
„Не ни треба да реагира поинаку. Личност што не ја познава го прегрна среде пандемија и тој изреагира правилно“.
„Престанете да ги прегрнувате луѓето без нивна дозвола!“
Набрзо потоа и пејачот се огласи во врска со целата ситуација на Инстаграм Стори:
„Отсекогаш сум бил личност која ги сака, почитува и цени фановите. Без нашите фанови, ние немаме работа. Постојано им го кажувам ова на фановите.
Ми се гади кога ќе слушнам дека некој мисли дека ги гледаме фановите како подолни од нас. Јас не сум таква личност. Јас никогаш не сум била таква личност.
Само сакам да знаете дека бев вџашен. И, некогаш во такви ситуации мора да се истресете и да продолжите со работа, бидејќи јас работев на сцената.
Сакам да знаете што ми е важно, а мене ми е важно тоа што постои конекција помеѓу мојот бенд и фановите. Се надевам дека сите можеме да го сфатиме тоа“.
Спирова С. | Црнобело