Актери и актерки со попреченост кои докажуваат дека никогаш не треба да се откажете од соништата

Питер Диклинџ стана омилениот актер од Game of Thrones, а Рој Френк Мит ги засени колегите во Breaking Bad и се покажа како совршен избор за една од главните улоги.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-01.jpg

Луѓето со попреченост сè уште се стигматизирани и за нив постои погрешно мислење дека се ограничени кога станува збор за нивните цели.

Но, многу лица со попреченост одново и одново го докажуваат спротивното и успеваат да ги постигнат своите цели, притоа станувајќи одличен пример и вистинска инспирација за другите луѓе во иста положба како нив.

Во продолжение неколку актери и актерки со попреченост кои докажуваат дека со желба и напорна работа, сè е возможно:

Џорџ Робинсон

Во хит-серијата Sex Education, Џорџ глуми лик со физичка попреченост кој мора да користи инвалидска количка.

Она што ги изненади фановите е фактот дека и самиот Џорџ се движи со инвалидска количка. Имено, Џорџ си го скршил вратот додека играл рагби, но не дозволил ова да го спречи да го следи својот сон и да стане актер.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-02.jpg

Џејми Бруер

Џејми ја открила љубовта кон глумата во училишните денови, кога била дел од школските претстави и мјузикли. Своето деби како професионалец го имаше во серијата American Horror Story, а поради неверојатниот талент, се појави во неколку сезони.

Џејми има Даунов синдром и смета дека тоа што е дел од забавната индустрија може да им служи како мотивација на многумина кои се во слична положба како неа.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-03.jpg

Лорен Потер

Лорен ја започна кариерата на 16-годишна возраст, кога доби улога во серијата Glee во 2009-та.

Како Џејми, и Лорен има Даунов синдром поради што честопати била жртва на булинг. Ова ја натерало да ја искористи својата популарност, па сега е и активист кој се бори против врсничкото насилство.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-04.jpg

Мајкл Џ. Фокс

Актерот најпознат по улогата во трилогијата Back to the Future има Паркинсонова болест која успешно ја криеше со години. Дури во 1998 година актерот прозборе за проблемите со здравјето и предизвикот што му го претставува болеста во неговата работа.

Како и сите останати на листава, Мајкл не дозволи болеста да владее со неговиот живот, па денес може да се пофали со импресивна холивудска кариера.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-05.jpg

Питер Динклиџ

Ако сте ја гледале Game of Thrones, знаете дека нема потреба да се дискутира за неверојатниот талент на Питер.

Актерот страда од генетско нарушување поради кое има џуџест раст, но токму тоа му помогна да ја добие улогата во хит-серијата и да стане еден од омилените ликови.

Питер се има појавено и во неколку холивудски филмови, вклучувајќи и едно продолжение на X-Men.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-06.jpg

Милисент Симондс

Своето деби Милисент го имаше во драмата Wonderstruck, но го привлече вниманието на јавноста со улогата во A Quiet Place.

Во филмот нејзиниот лик е глув, а Милисент е глува и во приватниот живот. Во случај да не сте го гледале филмот, станува збор за постапокалиптична приказна каде што ликовите не смеат да направат никаква врева – не смеат ни да зборуваат – за да не бидат фатени од чудовиштата.

Поради ова, во голема мера ликовите во филмот комуницираат со знаковен јазик, а Милисент придонела многу за да им помогне на колегите да го научат, но и за глумењето да биде многу поуверливо.

Актерката го изгубила слухот кога имала само два месеци, наводно поради медицинска грешка, но вели дека тоа воопшто не ја спречува да ги следи своите соништа.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-07.jpg

Рој Френк Мит

Исто како неговиот лик во Breaking Bad, актерот Рој Френк Мит има церебрална парализа. Кога ја доби улогата на синот на Волтер Вајт, Рој имаше само 14 години и уште во првата сезона докажа дека е вистинскиот избор.

Благодарение на популарноста на серијата и неговата маестрална изведба, со текот на времето Рој стана икона од поп-културата и одличен пример за сите луѓе со оваа попреченост.

akteri-i-akterki-so-poprechenost-koi-dokazhuvaat-deka-nikogash-ne-treba-da-se-otkazhete-od-sonishtata-08.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
Холивудски актери кои биле без „скршен денар“ кога ја добиле улогата што ги прослави Шарлиз Терон безуспешно пробувала да кешира чек од ангажман како модел, кога ја ...
Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Холивудски ѕвезди кои глумеле со своите деца или родители во ист филм Дали знаете дека Румер Вилис како дете глумела во ист филм со нејзината славна м...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg