Братот на Меган Маркл со скандалозна изјава: „Го искористи првиот сопруг, па го откачи – Хари е следен“
- Детали
- четврток, 14 октомври 2021
„Му кажав на принцот Хари дека сметам дека таа ќе му го уништи животот“ – вели полубратот на Меган Маркл, Томас Маркл Јуниор.
Братот на Меган Маркл, Томас Маркл Јуниор (55) ги доживува своите пет минути слава со најавите за неговото учество во Big Brother VIP каде има намера да ги открие тајните на неговата полусестра.
Шоуто ќе се емитува во ноември, а до тогаш преку најавите само се навестува за што има намера да говори тој.
За Меган Маркл (40), сопругата на британскиот принц Хари (37), е познато е дека пред да влезе во кралското семејство зад себе имаше уште еден брак.
Од она што го говори Томас во најавата за шоуто се гледа дека тој нема намера да ги чува „тајните“ на неговата полусестра и планира во целост да ја разоткрие. Тој на своите соучесници им вели:
„Човекот со кого беше омажена првиот пат... Само го прегази и го откачи, Хари е следен“ - пренесува news.com.au.
Во трејлерот за шоуто тој ја навредува својата сестра:
„Му кажав на принцот Хари дека сметам оти таа ќе му го уништи животот затоа што е премногу плиткоумна“.
Погледнете ги видеата од најавите:
Инаку, Меган Маркл пред да влезе во кралското семејство беше во брак со американскиот филмски продуцент Тревор Енгелсон. Парот беше во врска од 2004-та година, а во 2011-тата одлучиле да стапат во брак.
Меган спогодбено се разведе со Енгелс во 2013-тата година, а главна причина за распадот на нивниот брак беше оддалеченоста - додека Меган работеше на снимањето на серијата Suits во Торонто, Енгелс остана во Лос Анџелес.
Инаку, ова не е првпат полубратот на војвотката да излезе со изјави во кои ја оцрнува. Откако не беше поканет на кралската свадба во 2018-тата година, Томас Јуниор објави јавно писмо во кое ја повика сестра му да ја откаже свадбата и нејзината „лажна бајка“.
Претходно, во друг наврат тој за Меган рече дека таа отсекогаш била насилник што ги злоупотребувала луѓето сè додека не го добие тоа што го сака.
Меган во моментов не разговара со нејзиниот татко Томас, не разговара ниту со полубратот и полусестрата Томас и Саманта, а се знае само дека е во редовен контакт со нејзината мајка Дориа.
Прочитајте и Таткото на Меган повторно напаѓа: „Тие немаат сочувство за мене – ќе се разочарам ако не добијам шанса да ја видам внуката“
Б. С. Б. | Црнобело