Анџелина Џоли (46) и The Weeknd (31) повторно на романтична вечера – ги разгореа гласините дека се во врска (фото)
- Детали
- понеделник, 27 септември 2021
Уште пред два месеци, Анџелина Џоли и The Weeknd ги разгорија гласините дека можеби се во љубовна врска откако беа забележани заедно во јавност. Сега, актерката и пејачот повторно се појавија заедно – беа фотографирани како излегуваат од ресторан во Лос Анџелес.
Анџелина (46) и The Weeknd (31) беа забележани како излегуваат заедно од ресторан во Лос Анџелес, каде што наводно поминале нешто повеќе од два часа.
Според изворите, актерката и пејачот пристигнале во ресторанот во различно време, но го напуштиле заедно.
За пригодата Џоли одбрала долг црн капут во комбинација со црни штикли.
Парот првпат беше забележан заедно кон крајот на јуни, и тоа пред истиот ресторан. Неколку денови подоцна, тие повторно беа заедно, овојпат на приватен концерт во Лос Анџелес.
Инаку, Анџелина и поранешниот сопруг Бред Пит неодамна успееја да постигнат договор за поделбата на заедничкиот имот, по битката која траеше неколку години.
Од мај годинава, тие имаат и заедничко старателство над нивните пет деца, но кратко по оваа пресуда актерката изјави дека не е задоволна и дека ќе се бори да му го одземе старателството на Бред.
Џоли дури сакаше и нејзините деца да сведочат против актерот, но судот не го дозволил тоа.
Летово Анџелина беше забележана и со нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер, односно како излегува од неговиот дом. Откако фотките се појавија во јавност, фановите почнаа да шпекулираат дека можеби ѝ се вратила на старата љубов, но оттогаш нема никакви информации за ова.
The Weeknd, пак, имаше две посериозни врски - со Бела Хадид и Селена Гомез. Врската со Бела започна во 2015 година, парот раскинуваше неколкупати, за во 2019-та дефинитивно да ѝ стават крај на врската.
Пејачот беше со Селена Гомез во 2017 година, а фановите веруваат дека токму пејачката била инспирација за хитот I Was Never There.
Спирова С. | Црнобело