Кој бивши сопруг ја теши Анџелина Џоли, по загубената судска битка со Бред Пит?
- Детали
- среда, 16 јуни 2021
Парот беше во брак од 1996 година до 1999 година, но сега повторно минуваат време заедно. Дали ќе се повтори приказната на Џеј Ло и Бен Афлек и ќе има обновување на стара романса на уште еден славен пар?
Анџелина Џоли беше фотографирана како со синот Пакс (17) оди во домот на нејзиниот поранешен сопруг Џони Ли Милер (48).
46-годишната актерка беше фотографирана пред неговиот апартман во Бруклин вторпат оваа седмица.
Анџелина, која неодамна го прослави роденденот, изгледа по бурната судска битка околу старателството на децата со Бред Пит, која не заврши според нејзините желби, има потреба од поддршка и утеха од старите пријатели.
За посетата на Милер, Џоли носеше црн макси фустан и сива маска на лицето.
Претходната средба пак наводно била интимна вечера, според пишувањата на странските медиуми.
Дали станува збор само за старо пријателство или обновување на љубовна романса, останува да видиме.
Стари фотки од парот:
Инаку, парот стапи во брак во 1996 година, откако се запознаа на сетот на филмот Hackers една година претходно. За жал, кусо потоа се разделија, а во 1999 година и официјално се разведоа.
Фотки од посетата на Џоли на Милер:
С. С. | Црнобело