Анџелина Џоли со нов имиџ по судската битка со Бред Пит – на вечера со децата во жолт фустан за 46-тиот роденден (фото)

На 4 јуни Анџелина Џоли го прослави 46-тиот роденден со нов имиџ, само неколку денови по судската битка со Бред Пит, каде што судиите им доделија заедничко старателство на актерите над нивните шест деца. Наводно, Џоли е разочарана од одлуката на судиите и планира да ја продолжи битката која веќе трае пет години.

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-01.jpg

Познатата актерка го прослави 46-тиот роденденот со нов имиџ, во ресторан во Лос Анџелес со нејзините деца Медокс, Пакс, Захара, Шајло и близнаците Вивиен и Нокс. За поводот актерката одбрала жолт фустан со средна должина, во комбинација со беж штикли и црна чанта – целосно спротивно на нејзините вообичаени комбинации каде што најчесто доминира црната боја.

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-03.jpg

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-04.jpg

Нејзините деца одбрале полежерни комбинации, како фармерки и блузон или кошула, но Захара се издвојуваше со стајлингот. 16-годишното девојче носеше бел фустан со принт, во комбинација со портокалов колан и патики.

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-08.jpg

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-09.jpg

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-06.jpg

Изминативе неколку недели беа вистински предизвик за актерката, бидејќи се финализираше судската битка со Бред Пит за старателството над нивните деца. Кон крајот на мај, судот донесе одлука актерите да добијат заедничко старателство. Според US Weekly, Џоли не е воопшто задоволна од пресудата и за неа битката е далеку од завршена.

„Никогаш нема да му прости на Бред… Таа смета дека битката е далеку од завршена и верува дека правдата ќе победи“, вели изворот на познатиот медиум.

Џоли била подготвена да даде сè од себе за да ја промени одлуката на судиите.

Од друга страна, Бред Пит одбил да коментира за целата ситуација, но според извори блиски до актерот, тој бил среќен што ќе може да минува повеќе време со децата. Неговите адвокати, пак, велат дека пресудата е праведна. Daily Mail пренесува дека според нив, за дел од обвиненијата на актерката нема никаков доказ, а одлуката на судиите е во најдобриот интерес за децата.

andzhelina-dzholi-so-nov-imidzh-po-sudskata-bitka-so-bred-pit-na-vechera-so-decata-vo-zholt-fustan-za-46-tiot-rodenden-foto-10.jpg

Според извори блиски до актерката, Џоли смета дека судиите треба да го слушнат и сведочењето на нивните малолетни деца, како и нивното мислење за старателството. Но, ова барање на актерката беше одбиено.

Бред и Анџелина се вљубија на сетот на „Mr. and Mrs. Smith“ во 2004 година, додека актерот уште беше во брак со Џенифер Анистон. Иако почетокот на нивната врска беше контроверзна и многумина се убедени дека Бред ја изневерувал тогашната сопруга со Џоли, набрзо тие станаа омилениот холивудски пар. Парот основа големо семејство, со три посвоени и три биолошки деца, а стапија во брак во 2014-та. Но, само две години подоцна, тие се разделија, а Џоли поднесе барање за развод како и целосно старателство над нивните деца, означувајќи го почетокот на долгата судска битка.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Бред Пит разочаран, Анџелина Џоли среќна – Шајло се откажа од презимето на татко ѝ преку весник Биолошката ќерка на Бред Пит и Анџелина Џоли се откажа од презимето на татко ѝ п...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg