Ќерката на Џиџи Хадид наполни 1 година – Прославија со „смешни здолништа“ и ретки фотографии
- Детали
- понеделник, 20 септември 2021
Во смешни пантолони и здолништа членовите на семејството Хадид го прославија првиот роденден на ќеркичката на Џиџи Хадид – Каи, а мајката на манекенката, Јоланда, сподели ретки фотографии од внуката.
Манекенката Џиџи Хадид (26) и нејзиното момче Зејн Малик (28) во неделата (19.09) го прославија првиот роденден на ќеркичката Каи со тематска забава на која сите требало да носат „смешни здолништа или смешни пантолони“.
На забавата се појавија и тетката Бела Хадид (24) и нејзината пријателка Дуа Липа (26).
Бела Хадид објави повеќе фотографии од забавата на Инстаграм:
„Среќен роденден на најголемиот подарок со којшто нашето семејство некогаш било благословено... Не знаев дека срцето може да ми порасне толку големо!!! Правиш да се насмеам и кога сум тажна и правиш да плачам од среќа само затоа што постоиш“ – напиша Бела на Инстаграм.
Освен нив, на забавата се појавија и повозрасните членови на семејството Хадид, Алана Хадид (36) со нејзиното мало црно кученце, како и таткото на познатите манекенки и дедо на Каи, Мухамед Хадид (72), кој беше облечен во целосно црно издание, па не се придржуваше до тематиката на забавата.
Од друга страна пак, мајката на Џиџи, Јоланда Хадид (57) се појави заедно со момчето Џозеф Џинголи (71) и двајцата носеа фармерки со 3Д сончогледи.
На Инстаграм Јоланда сподели поголем број фотографии на кои таа и Каи се заедно на фарма во Пенсилванија.
„Немам зборови за да опишам колку љубов и радост донесе во нашите животи само во една година...“ – напиша таа.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Прочитајте и Џиџи Хадид се крие под широки тренерки и старомодна шапка додека ужива на прошетка со детето (фото)
Б. С. Б. | Црнобело