Ретки папарацо фотки: Џанлука Ваки во здолниште со Шерон Фонсека на планина - се капе во ледено буре
- Детали
- петок, 17 септември 2021
Италијанскиот милијардер Џанлука Ваки (54) и неговата девојка Шерон Фонсека (26) деновиве се на одмор на планина, од каде споделија повеќе фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Интересно е што, во странските медиуми се објавени и папарацо фотографии од познатиот пар додека ужива во одмор, што е навистина реткост. Италијанскиот милијардер во оваа пригода носи необичен аутфит. Џанлука Ваки е облечен во долго карирано здолниште, додека си игра со нивната ќеркичка Блу Јерузалема.
Откако станаа родители, тие во целост се посветени на семејниот живот, оставајќи ги зад себе екстравагантните забави. Иако тие не објавија каде точно го поминуваат одморот, сепак папараците ги „уловија“ на ски-одмаралиштето Кортина Д’Ампрезо во Италија.
Џанлука објави и видео на Инстаграм од себеси како се капе во буре со ледена вода, а Шерон покажа дека е модерна и дотерана, дури и за одмор на планина.
Погледнете го видеото објавено на профилот на Џанлука:
Повеќе фотографии и видеа од нивниот одмор:
Прочитајте и Шерон Фонсека го тетовираше Џанлука Ваки + ќеркичката како мини кралица крај него (видео)
Б. С. Б. | Црнобело