Шерон Фонсека го тетовираше Џанлука Ваки + ќеркичката како мини кралица крај него (видео)
- Детали
- среда, 15 септември 2021
Љубовта на 26-годишната убавица и 54-годишниот италијански милијардер е уникатна приказна. Тие танцуваат постојано, живеат во својот „изолиран рај“, а сега Џанлука ѝ дозволи на саканата да го тетовира.
Шерон Фонсека (26) го тетовираше својот сакан, 54-годишниот италијански милионер Џанлука Ваки.
Таа на неговите гради истетовира срце, а уникатниот пар сподели видео од настанот на Инстаграм.
„Го тетовирам мојот сакан... Моето срце секогаш ќе биде со тебе“, напиша емотивната Шерон.
Џанлука Ваки сподели видео и со својата ќеркичка на кое двајцата се облечени во свилени наметки и таа изгледа како мала кралица.
Инаку, откако нивната ќеркичка Блу Јерузалема малку потпорасна (не е веќе новороденче) парот има повеќе време повторно да снима забавни танцувачки видеа.
За периодот по бременоста и прифаќањето на нејзиното тело Шерон во една пригода сподели:
„Да го сакам моето тело по бременоста беше патување.
Си дадов време да закрепнам и да се грижам за него. Да прифатам низ што минало и да го сакам за тоа. Сите промени, лузни и белези само ме потсетуваат колку сме моќни.
Секое тело е различно и потребно му е време. Важно е да не го споредуваме нашето патување со она на другите жени. Секоја од нас има свое уникатно патување.“
Погледнете дел од нивните нови танцувачки видеа и семејни мигови:
Прочитајте и Повторно танц и романтика: Џанлука Ваки и Шерон Фонсека на одмор на Сардинија (фото+видео)
С. С. | Црнобело