„Остани силна!“ - Девојката со златен глас, која го стопи Сајмон Кауел, иако се бори со ракот шири позитива на Инстаграм
- Детали
- среда, 08 септември 2021
„Прекрасен и силен ангел! Зрачиш со позитивна енергија“ – се само дел од коментарите на светската публика до објавите на пејачката Nightbirde која пееше своја авторска песна на America's Got Talent, а мораше да се откаже од натпреварувањата поради борбата со ракот.
Џејм Марчевски (30) попозната како Nightbirde се повлече од шоуто America's Got Talent поради влошување на здравствената состојба, но сепак сподели една убава фотографија со нејзините следбеници на Инстаграм.
Додека ја води битката за животот и се бори со канцерот Nightbirde ги освои срцата на публиката во целиот свет. Видеото од нејзиниот настап на America's Got Talent, каде ја отпеа авторската песна It’s OK на YouTube е погледнатo над 33 милиони пати, а таа редовно споделува и фотографии на Инстаграм за да им каже на нејзините следбеници како се чувствува и како напредува нејзината битка.
Таа сподели фотографија од себе додека е на брод во Њупорт Бич.
„Бев мошне болна сè додека некој не рече ‘крузер со вино’ и за чудо успеав да не повратам на пристаништето“ – се пошегува таа до фотографијата.
И покрај тоа што води тешка битка за животот со минимални 2% можност за преживување, Nightbirde се обидува да остане позитивна, а до нејзините објави публиката од целиот свет редовно остава охрабрувачки коментари:
„Не знам колку пати ја погледнав твојата аудиција на America’s got Talent. Ти влијаеше врз мене на многу начини. Твојата сила, твојата насмевка, твојот глас. Бог да те благослови и да ти даде здравје“ – стои во еден од коментарите.
„Изгледаш одлично! Остани силна!“ – стои во друг.
„Прекрасен и силен ангел! Ја гледам целата позитивна енергија што ја шириш“ , „Прекрасна си од внатре и однадвор“ – се вели во други коментари.
Таа објави уште една фотографија во Инстаграм Стори на која напиша:
„Се смеев толку многу што канцерот се смали“.
Инаку, Џејн се надева дека со истите третмани што и претходно ги поминала ќе успее да се избори со подмолната болест, а по нејзиниот апел за помош на нејзината GoFund Me страна експресно беа собрани 500.000 долари, кои што како што појасни таа, ќе бидат наменети за нејзиното лекување.
Прочитајте и Девојката на која Сајмон Кауел ѝ стисна златен тастер се откажува поради битка со ракот – му го стопи срцето на „суровиот“ судија
Б. С. Б. | Црнобело