Опуштено стомаче, неуредна фризура: Камила Кабејо си купува кафе и не се грижи што мисли светот за неа
- Детали
- петок, 27 август 2021
„За време на карантинот научив да му дадам приоритет на менталното здравје... Ние сме реални жени со облини, целулит и стрии“ – Ова се дел од изјавите на Камила Кабејо со кои ги замолкнува критичарите за нејзиниот изглед во последно време.
Камила Кабејо беше забележана во Лос Анџелес додека излегува да купи кафе. Облечена во црн кроп-топ и црни шорцеви, Кабејо повторно го покажа опуштеното стомаче и покажа што мисли за критиките за нејзиниот изглед.
Целосно опуштениот изглед, Камила (24) го доврши со несредената пунџа собрана со платнен стегач за коса.
Очигледно, слободното време ѝ годи, па по избувнувањето на светската пандемија Камила сè почесто можеме да ја видиме во вакви опуштени изданија што се во целосна спротивност на нејзиниот изглед на црвениот тепих.
Досега пејачката повеќепати била критикувана заради опуштениот стомак, што гордо го покажува додека е излезена во јавноста – без разлика дали оди да си купи кафе, или кога трча.
За тоа што мисли за ваквите критики таа говорела во повеќе наврати, а пред само две недели тоа го направи и на нејзиниот ТикТок профил, објавувајќи видео во коешто беше во целост искрена.
Во видеото Камила ја носи истата облека како и на папарацо фотките во кои беше фотографирана додека трча, па рече дека веќе е застарено да се срамите од своето тело:
„Си трчав во паркот и си ја гледав својата работа, обидувајќи се да бидам фит, обидувајќи се да бидам здрава. И, носам спортски градник што ми го открива стомакот кој не ми беше собран…“, почнува видеото.
Тогаш пејачката ја врти камерата кон нејзиното стомаче и гордо го покажува.
„Бидејќи трчав и постоев како нормална личност која не си го собира стомакот постојано. Си реков ’Леле‘, но потоа се сетив дека е застарено да си го мразите телото.
Благодарна сум на моето тело што ми овозможува да правам што треба да правам. Ние сме реални жени со облини и целулит и стрии и масни наслаги. И мора гордо да си го носиме тоа!“
Инаку, пред избувнувањето на пандемијата таа јавно прокоментира дека е мошне уморна од напорниот живот и дека веќе смета дека не може да ја поднесе кариерата, а за време на карантинот изјави дека се научила да му дава приоритет на сопственото ментално здравје.
Во последно време, освен што се бори за нормализација на нормалните тела со опуштено стомаче и облини, таа ќе се појави во шоуто The Voice, а може да се види дека и во целост е посветена на нејзината врска со Шон Мендез.
Погледнете повеќе фотографии од Камила во продолжение:
https://www.instagram.com/p/CS-oIU5vhn_/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSUudp0JN4i/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSSPNOIp4mw/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CSDE0DfpJds/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/CObJ-8HpjmE/?utm_source=ig_web_copy_link
https://www.instagram.com/p/COQT0zzJO7j/?utm_source=ig_web_copy_link
Б. С. Б. | Црнобело