Деми Мур е бикини кралица на 58 години на плажа во Хрватска (фото)
- Детали
- среда, 25 август 2021
Деми Мур покажа колку е силна моќта на самодовербата додека во црн бикини костум уживаше во Хрватска. Иако е во шестата деценија од животот, на нејзиниот изглед би можеле да ѝ позавидат и голем број помлади девојки.
Деми Мур (58) го покажа неверојатното тело на плажа во Хрватска. Таа уште еднаш покажа колку е силна моќта на самодовербата додека уживаше во црн бикини костим за капење.
Таа беше забележана од фотографите додека уживаше заедно со цвеќарот Ерик Бутербаух и кинематографот Патрик Хилгарт.
Иако се поминати 25 години од објавувањето на нејзиниот култен филм „Стриптиз“ во 1996-тата година, времето како да застанало за славната актерка, па забележително е дека иако таа е длабоко навлезена во шестата деценија од животот, сепак изгледа одлично.
Во изминатите денови Деми од Хрватска објави и селфи во бикини и на нејзиниот Инстаграм профил:
„Неделно селфи“ - напиша таа до фотографијата.
Погледнете повеќе фотографии од нејзиниот престој во Хрватска:
Б. С. Б. | Црнобело