Како е да се работи за Том Круз? Поранешни вработени откриваат колку тежок карактер има актерот

Фризерите смеат да му ја допрат косата само во приватност

За време на една епизода на The Project една фризерка и шминкерка се присети дека еднаш работела на сетот за филмот The Mummy каде требало да работи на косата на Том Круз. Еден ден, пред снимањето на една од сцените таа застанала да поправи еден прамен од косата на Круз, по што неговиот асистент веднаш ѝ рекол да се оддалечи од актерот.

Наводно, Круз не сака кога некој го допира по косата. Доколку неговата коса треба да се поправи, од било која причина, тоа може да се направи само во приватност.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-06.jpg

Скиентолошката црква не можете да ја напуштите

Синар Парман бил главен готвач за време на свадбата на Том Круз и Никол Кидман во 1990-тата година. Парман бил член на скиентолошката заедница, а неговата поранешна сопруга Шели Волф била личен асистент на Дејвид Мискавиџ, главниот човек на скиентолошката црква и кум на свадбата на Том Круз.

Парман вели дека финално одлучил да ја напушти црквата кога не му било платено за тоа што работел за време на свадбата на познатиот актер.

Парман и Волф со години се обидувале да ја напуштат скиентолошката црква и за време на едно од овие бегства биле пронајдени од обезбедувањето на црквата, во домот на нивен подалечен роднина, а нивниот багаж бил претресен за да не содржи фотографии и други доверливи докази од свадбата на Круз. За среќа ништо не било најдено.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-07.jpg

Дејвид Мискавиџ му е идол

Уште еден од поранешните вработени на Том Круз кој говорел за посветеноста на актерот кон скиентолошката црква е Џон Брoсо. Брoсо е зет на Мискавиџ, а работел како хигиеничар во куќата на Том Круз за време на неговиот брак со Кејти Холмс. Му било речено дека во куќата сè треба да биде беспрекорно чисто, но тој „да биде невидлив“.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-09.jpg

Брoсо во една прилика говореше за поврзаноста на Круз со Мискавиџ и дека актерот практично го „возвишува“ лидерот, исто како што ја возвишува и Црквата.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-08.jpg

Во целост е посветен на здравјето и на изгледот

Сте се запрашале ли зошто на сите филмови Том Круз изгледа одлично, иако во моментов има 59 години?

Се знае дека тој соработува со некои од најдобрите тренери во светот, а за него готват некои од најпознатите готвачи. Освен тоа, Том се придржува до стриктна диета и план за вежбање.

kako-e-da-se-raboti-za-tom-kruz-dodeka-chistish-treba-da-si-nevidliv-ne-smeesh-da-govorish-shto-gledash-10.jpg

Во еден период за него готвела и Џенифер Петиџон која за медиумите изјавила дека за него морала да подготвува оброци само со органска и свежа храна.

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Скромната ќерка на Том Круз наполни 18 години - конечно сама ќе реши дали ќе го види татко ѝ по 12 г... Сури Круз цел свој живот живее во сенката на славните родители, нивниот јавен ра...
За 2 месеца ќе одлучи дали сака да го гледа татко ѝ – Сури Круз со мајка ѝ низ Њујорк, а Том Круз во... Два месеца пред да стане полнолетна, Сури Круз опуштено се шета со мајка ѝ низ Њ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg