Како изгледаат познатите пејачки во нивниот прв, а како во нивниот најнов музички спот?
- Детали
- сабота, 19 јуни 2021
Мадона, Бијонсе, Џенифер Лопез – сето ова се жени кои се активни на музичката сцена и по неколку децении.
Иако јавноста, а веројатно и вие, знаете како изгледаат и што прават денес, дали се сеќавате на нивните први музички спотови?
Во продолжение погледнете како изгледаат познатите пејачки во нивниот прв, а како во нивниот најнов музички спот:
Бритни Спирс
Бритни се прослави со незаборавниот хит Baby One More Time, за кој во 1998 сними и по малку контроверзен спот. Последниот музички спот на пејачката е од 2016-та, за песната Slumber Party.
Мараја Кери
Првиот спот на Мараја е снимен во 1990-та година за песната Vision Love. Во 2020-та Мараја го издаде нејзиниот засега најнов спот, за песната Oh Santa!, во кој се појавуваат и Аријана Гранде и Џенифер Хадсон.
Парис Хилтон
Парис не успеа да изгради музичка кариера како што сонуваше, а првиот обид да заплива во музичките води беше со песната Stars Are Blind од 2006 година. Но, изгледа Парис не се откажува, па годинава издаде нов спот за песната Melting.
Бијонсе
Една од првите соло песни на Бијонсе е насловена I Got That, а спотот беше објавен во 2000 година. Во најновиот спот на Бијонсе од 2020-та, за песната Brown Skin Girl се појавува и нејзината ќерка Блу Ајви.
Кристина Агилера
Во 1998 година Агилера го сними спотот за Reflection – песна за популарниот цртан филм Mulan. Во 2020-та Кристина објави нова верзија од песната, која се најде на играниот филм со ист наслов.
Линдзи Лохан
И Линдзи сакаше да стане пејачка, но нејзината музичка кариера траеше кратко. Еден од нејзините први спотови беше издаден во 2004-та година, за песната Rumors. Само една година подоцна, Линдзи го издаде нејзиниот последен спот, за песната Confessions of a Broken Heart.
Џенифер Лопез
Џеј Ло се прослави со хитот If You Had My Love од 1999 година. Во 2021-ва Џенифер ја издаде In the Morning, за која сними и спот.