Како изгледаат познатите пејачки во нивниот прв, а како во нивниот најнов музички спот?
Аврил Лавињ
Во 2002 година, Аврил ја издаде Complicated и стана славна преку ноќ. Иако не ужива во истата популарност, Аврил е активна и денес – годинава ја издаде песната Flames.
Алиша Кис
Првиот музички спот на Алиша Кис е снимен за песната Fallin, во далечната 2001-ва. Лани, во 2020-та, Алиша го објави спотот за Love Looks Better. Годинава таа објави уште еден спот за песната Underdog, кој е анимиран.
Мајли Сајрус
Првиот музички спот на Мајли е издаден во 2007 година, за песната Start All Over. Оваа година, Мајли го сними спотот за хитот Without You.
Адел
Во 2008 година, Адел го освои светот со песната Chasing Pavements. Пејачката долго време прави пауза, па нејзиниот последен спот е од 2016-та, за песната Send My Love.
Шакира
Во 1995 Шакира го издаде првиот музички спот кој беше значаен за нејзината кариера, за песната I’m Here. Последниот спот, за Girl Like Me, е издаден во 2020-та.
Мадона
Мадона е активна на сцената уште од 1982-ра, кога го издаде спотот за песната Everybody. Последниот спот на пејачката е од 2019-та, и тоа за песната Batuka.
Ријана
Светот дозна за Ријана со незаборавната Pon de Replay од 2005-та година. Слично како Адел, и Ријана направи долга пауза од музиката, па последниот спот, снимен за Lemon, го издаде во 2017-та.
Спирова С. | Црнобело