Видео открива како Бен Афлек има обид за флерт со инфлуенсерка + како реагира кога ќе го прашаат дали е со Џеј Ло?
- Детали
- среда, 05 мај 2021
Додека сите чекаат да се појават фотки од Џенифер Лопез и Бен Афлек, една инфлуенсерка успеа да го украде вниманието. Раскажа како го одбила познатиот актер на апликација за состаноци, мислејќи дека станува збор за измама. Дополнително, погледнете како Бен реагира кога ќе го прашаат за Џенифер Лопез.
Светските медиуми деновиве пишуваа дека наводно се разгорела нова романса помеѓу Бен Афлек и Џенифер Лопез, дека наводно актерот бил виден како оди на гости кај неговата поранешна свршеница, па дури и репортери отворено го прашаа актерот дали ваквите тврдења се точни.
Во меѓувреме, се појави друго видео со инфлуенсерка која на својот ТикТок профил тврди дека актерот стапил во контакт со неа преку апликација за состанување.
Во понеделникот (03.05) видеото на ТикТок стана вирално. Во видеото се гледа познатиот актер како се обидува да стапи во контакт со девојката на Инстаграм, откако претходно таа го одбила на апликација за состаноци со познатите - Raya, сметајќи дека станува збор за лажен профил.
Нивин Џеј објави видео на ТикТок за ова искуство кое го наслови: „Мислејќи на времето кога се споив со Бен Афлек на Raya и мислев дека е измама па го одбив и ми прати видео на Инстаграм“.
По ова го гледаме актерот во видео на Инстаграм како говори директно во камерата и се обидува да го потврди сопствениот идентитет:
„Нивин зошто ме одби? Јас сум“ - тврди Афлек.
@nivinejay Sorry Ben ?? #raya #benaffleck #dating #fyp
-->♬ original sound - Amir Yass
Инаку Нивин е авторка на книгата Cry Baby. Апликацијата Raya пак, се опишува како верзија на Tinder наменета за познатите затоа што е потребно да се плати членарина и членовите поминуваат низ процес на селекција, поради што истата е интересна за големи ѕвезди како Бен Афлек. Но, многумина веруваат дека ова може да е монтажа, со оглед на тоа што нема одговор од Бен на темата.
Од друга страна пак, репортерите не му даваат мир на актерот и по раскинувањето на врската помеѓу Џенифер Лопез и Алекс Родригез. Па така, дел од светските медиуми пишуваат за тоа дека постои можност Бен и Џеј Ло повторно да бидат заедно.
Бен Афлек и неговата поранешна сопруга Џенифер Гарнер во саботата (01.05) беа опколени од папараци кога го носеа нивниот 9-годишен син Семјуел на тренинг за пливање. Еден од фотографите се осмели да праша:
„Бен, дали гласините за Џеј Ло се вистинити?“
На видеото може да видиме дека Бен е видно вознемирен од ваквите коментари, но се воздржа, не рече ништо туку само ја истури пијачката од пластичната чаша во правец на репортерот.
Претходно Бен Афлек и Џенифер Лопез беа топ тема во медиумите по интервјуто во кое тој го пофали изгледот на неговата поранешна свршеница. А сега, еден месец подоцна, откако врската помеѓу поп-дивата и нејзиното момче Алекс Родригез и официјално е завршена, медиумите не престануваат да пишуваат дека е можно повторно спојување на „Бенифер“.
Дали е тоа така, останува да видиме.
Б. С. Б. | Црнобело