Бен Афлек јавно ѝ се додворува на бившата Џеј Ло: „Како е можно да изгледаш исто како во 2003-та?“

„Зошто ти изгледаш исто како во 2003-тата, а јас изгледам како да сум во 40-тите години... најмалку?“ - 17 години по разделбата со Џеј Ло, Бен Афлек упатува јавно восхитувачки зборови кон неговата поранешна свршеница.

ben-aflek-javno-i-se-dodvoruva-na-bivshata-djej-lo-kako-e-mozhno-da-izgledash-isto-kako-vo-2003-ta-01.jpg

Бен Афлек (48) има само пофални зборови за неговата поранешна свршеница Џенифер Лопез која ќе се појави на насловната страница на мајското издание на InStyle.

Магазинот собра неколку поранешни љубови на Џеј Ло кои споделија дел од заедничките спомени од времето поминато со неа. Меѓу соговорниците беа дел и некои од поранешните соработници и познати личности како Метју Меконахи, Шарлиз Терон и Мишел Обама.

View this post on Instagram

A post shared by instylemagazine (@instylemagazine)

Но, она што особено им привлече внимание на фановите е додворувачката изјава на Бен Афлек за Џенифер Лопез.

jenifer-ben.jpg

За 51-годишната пејачка и актерка често се коментира, особено затоа што ако ги погледнете нејзините фотографии наназад, ќе сфатите дека таа не само што и во шестата деценија од животот изгледа младо, туку ви се чини и како да се подмладила.

ben-affleck-jlo-z.jpg

Во минатото нејзиниот поранешен свршеник Бен Афлек во неколку наврати говореше за нивната врска, а сега во интервјуто за магазинот, повторно не штедеше на пофални зборови за неа:

„Мислев дека јас поседувам добра работна етика, но бев во целост потчинет и запрепастен од она на што таа се обврзуваше да го направи секојдневно, сериозноста со која ѝ пристапуваше на работата, тивкиот и посветен начин на кој што ги постигнуваше сопствените цели, а како потоа ќе почнеше од почеток и ќе ги удвоеше напорите.

Таа е, до ден денешен највредната личност што сум ја запознал во професијата. Има голем талент, но исто така, таа работеше напорно за својот успех и среќен сум затоа што се чини дека, на крај, ги добива пофалбите, што ги заслужува.“

Она што особено им привлече внимание на странските медиуми и фановите е додворливиот начин на кој Бен прокоментира и за безвременската убавина на неговата поранешна свршеница:

„Каде ја чуваш фонтаната на младоста? Зошто ти изгледаш исто како во 2003-тата, а јас изгледам како да сум во 40-тите години... најмалку?“

На овој коментар, пејачката одговори дека Бен е забавен и дека и тој изгледа добро исто така.

Инаку, Бен Афлек и Џеј Ло почнаа да се гледаат во летото 2002-та година, откако се запознаа на сетот на нивниот филм „Гигли“. Понатаму заедно играа и во филмот „Девојката од Џерси“, а актерот се појави и во музичкиот спот на една од најпознатите нумери на пејачката „Jenny from the Block“.

Веќе поминаа 17 години од разделбата помеѓу Афлек и Лопез. Џеј Ло досега во неколку наврати говореше јавно за нивната врска, а актерот во една прилика изјави дека за времето на нивната врска луѓето биле премногу злобни кон неа.

За тоа што кажа неодамна Афлек за неправдата кон Џеј Ло, прочитајте повеќе ТУКА.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Џеј Ло и Бен Афлек отидоа на ручек среде развод - тој повторно е напнат и несреќен (фото) Средбата на Бен Афлек и Џенифер Лопез со децата, среде бракоразводна постапка, г...
Џеј Ло прави селфи фотки со задникот во преден план – на одмор во Италија без Бен Афлек, среде гласи... Во бел костим за капење и големи очила за сонце, Џеј Ло си направи фотосесија на...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Љубовни триаголници: Како пријателите во Холивуд си ги „крадат“ партнерите? По разводот со Том Круз, Кејти Холмс почна врска со Џејми Фокс кој му беше добар...
6 години ја кријат љубовта – Ретко појавување на Џенифер Гарнер со дечкото „Бен, дали ти недостасува Џенифер Гарнер сега?“ – прашуваат твитерџиите откако с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg