По скандалот со нефотошопираната фотка, Клои повторно непрепознатлива: „Ќе продолжам да го правам тоа без извинување“
- Детали
- четврток, 22 април 2021
По нефотошопираните фотки што се појавија неодамна, Клои повторно објави фотка од себе на која е непрепознатлива, со оглед на тоа што претходно изјави дека ќе продолжи да објавува уредувани фотки без извинување.
Како што претходно кажа во изјава по скандалот со нефотошопираната фотографија, Клои е девојка што „сака добар филтер и добро осветлување“, тие ѝ помагаат да се избори со несигурноста која ја чуствува, затоа што ако се суди според истите изјави, таа пораснала во „сенка“ на нејзините убави сестри.
„Имам добар филтер, добро светло и одвреме-навреме уредувам некоја фотографија. Исто така, се шминкам, си ги правам ноктите или носам штикли за да се претставам како што јас сакам и ќе продолжам да го правам тоа, без извинување. Моето тело и како сакам да изгледам и што да споделувам е мој избор. Никој не може да одлучува или да суди што е прифатливо, а што не“ - изјави таа неодамна.
Не мора да сме експерти за да согледаме со какви предизвици се соочува ријалити ѕвездата доколку само погледнеме колкави трансформации претрпела од 2007-ма година, кога започнаа да го снимаат реалното шоу, па досега.
Во најновата фотографија објавена на Инстаграм страната на нејзиниот бренд Good American, Клои се појави во едноделен костим за капење, а нејзиниот лик е речиси непрепознатлив.
Иако сите прво се загледуваме во костимот за капење, во оваа фотографија 36-годишната ријалити ѕвезда всушност ги промовираше чевлите што брендот од денес ќе ги пушти во продажба. Колекцијата е наречена CINDER-F*CKING-RELLA.
Инаку, претходно откако се појави нефотошопирана фотографија на Клои на интернет, таа и нејзиното семејство работеа прекувремено за да ги избришат сите траги од истата, но обидот не беше целосно успешен.
Клои неколку дена по скандалот даде свој одговор на Инстаграм откако објави повеќе видеа во живо за да покаже дека нејзиното тело не е фотошопирано.
Дополнително објави и подолга изјава во која говореше за стресот со кој се соочува затоа што нејзиното тело е постојано анализирано како јавна личност.
Прочитајте повеќе - „Ме критикувате за сè, еве како изгледа моето тело“ - Клои Кардашијан се снимаше гола во одбрана за нефотошопираната фотка
Повеќе јавни личности говореа за настаните, меѓу кои и моделот Криси Тајген која се појави во вторникот во Watch What Happens Live со Енди Коен па рече:
„Станувам исфрустрирана затоа што гледам во Клои и си мислам: ‘Секако дека си убава, многу си силна.’ Промените што ги направи на нејзиното тело, таа е премногу горда и сите се гордеат со неа. Сакаме луѓето да бидат такви во: Ова е моето тело, во секое светло! Ако не сакала таа фотографија да излезе на виделина, не сакала и тоа е во ред.“
Повеќе фотографии од Клои во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело