Фотката од Мадона и ќерка ѝ предизвика онлајн дебата – Лурдес повторно со неизбричени пазуви
- Детали
- понеделник, 12 април 2021
Мадона сподели селфи со ќерка ѝ Лурдес, но набрзо фотографијата предизвика дебата на Инстаграм. Додека некои коментираат дека Лурдес изгледа ужасно поради неизбричените пазуви, поголемиот дел од корисниците ја поддржуваат, истакнувајќи дека таа може да прави што сака со нејзиното тело.
Ќерката на Мадона, Лурдес, сè повеќе личи на својата мајка, а тоа го докажува и заедничката фотка што ја сподели пејачката.
На својот Инстаграм профил Мадона сподели фотографија со Лурдес, а двете повеќе изгледаат како близначки, отколку како мајка и ќерка.
На фотката Лурдес носи зелен фустан и црвена чанта, а Мадона е облечена во бело, со венец од цвеќе на главата.
Но младешкиот изглед на Мадона беше засенет од нешто сосема друго – неизбричените пазуви на Лурдес, кои таа секогаш ги покажува на фотки.
https://www.instagram.com/p/CNg3lcjBO2N/
За младата убавица е познато дека не ги отстранува влакната од пазувите и се чини дека е горда на тоа, но, како и обично, повторно е остро критикувана од јавноста.
Скоро сите коментари на објавата се фокусираат на тоа, а некои одат дотаму што велат дека била „ужасна“.
„Боже, не си ги бричи пазувите?!“
„Ова не е хигиенски“.
„Хм … на девојкава ѝ е потребен брич“.
„Зошто не си ги бричи пазувите???“
„Сакам да бидам толерантна и добра, но воопшто не ми се допаѓаат влакната под пазувите“.
Сепак, поголемиот дел од коментарите се со поддршка за Лурдес и нејзината одлука да не ги бричи пазувите.
Оние кои ја поддржуваат сметаат дека таа може да прави што и да сака и нагласуваат дека воопшто не е во ред што луѓето се фокусираат на толку неважен детаљ:
„Во 2021-ва луѓето уште се изненадени што возрасна жена има влакна на телото“.
„Навистина? Ова е прекрасна фотографија од мајка и ќерка, а сите вие не можете да престанете да зборуваат за нејзините влакна…“
„Навистина е чудно како жените велат ’Наше тело, наш избор‘, а ги критикуваат и осудуваат девојките кои не се бричат. Како се вика ова? Ах, да – дволичност“.
„Толку многу омраза само затоа што не ги бричи пазувите. Не им велиме на мажите да ги отстрануваат влакната од телото, ама ние жените мора да го правиме тоа?“
„Како сопственичка на салон за депилација, јасно е дека заработувам од отстранување влакна. Но, како жена, јас ја поддржувам секоја жена да го прави она поради кое се чувствува моќно, убаво и слободно. Ова се две моќни жени и фотографијата прекрасна. Сите жени кои осудуваат друга жена - па, засрамете се. А, сите мажи кои коментираат - пораснете“.
Спирова С. | Црнобело