„2020-та беше луда, морав да разгледам засолништа“ – Ким и Клои тестираат луксузен бункер за преживување

Ким Кардашијан и нејзината сестра Клои испробаа специјален бункер за преживување во последната епизода на нивното реално шоу Keeping Up With The Kardashians, за да видат дали би можеле да живеат така во најлошото можно сценарио.

Kim-i-Kloe-po-ludata-2020-baraat-bunker-za-prezivuvanje-01.jpg

Бункерот не го бараат за да се скријат од последните случувања и скандалот со нефотошопираната фотка, туку поради стравот од случувањата во изминатата „луда“ 2020-та година.

kim-kloe-1.jpg

Ким (40) во минатата епизода се чуствуваше мошне вознемирено откако нејзиниот пријател Џонатан Чебан (47) ѝ се јави да ѝ каже дека му бил украден часовник вреден 250.000 долари под закана со пиштол.

kim-kloe-2.jpg

Овие случувања ја присетија Ким на нејзината траума од 2016-тата година, кога имаше непријатна случка во Париз, а и беше украден накит вреден 10 милиони долари.

Освен тоа, таа сакаше да види кои се опциите за нејзиното семејство за живот во бункер доколку ситуацијата се влоши, како што се претпоставуваше дека може да се случи за време на избувнувањето на пандемијата во 2020-тата година.

kim-kloe-4.jpg

„2020 беше навистина луда година и поминавме низ сè и сешто, па јас како јас, морав да погледнам некој вид на засолништа за преживување и да видам кои ни се опциите“, рече Ким.

Бункерот што сестрите имаа можност да го погледнат се опишува како нешто за што „најголемиот дел од луѓето би убиле за да го имаат“.

Тој наликува на сè, но не и на типичен бункер: внатре има стилски уредени кревети, шик маса со компјутер, компактна кујна и дневен простор.

kim-kloe-3.jpg

Тие ги испробаа креветите, се обидоа да спијат, да јадат од храната, да вежбаат... Целта беше да видат дали би можеле да живеат во такви околности.

kim-kloe-6.jpg

По неколкучасовното тестирање на бункерот, сепак сестрите одлучија дека не би сакале така да ги поминат последните денови од животот.

kim-kloe-9.jpg

Инаку, како што претходно беше најавено, оваа 20-та сезона ќе биде последната од реалното шоу што го освои светот, но нема простор за паника кај фановите, затоа што кланот Кардашијан-Џенер веќе потпиша договор со телевизијата Hulu и се очекува по ова да се снима сосема ново реално шоу, што значи дека и понатаму ќе има можност на екраните да се следат нивните животи.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан е во тајна врска со познат рагбист, се кријат поради Канје Ким Кардашијан повеќе од половина година е во врска со 12 години помлад рагбист,...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Мајка си е мајка: Ким Кардашијан направи снежна шума во домот за да ја израдува ќерката која тагува ... Само еден месец откако кажа дека ќерка ѝ Норт се жалеше заради тоа што живее со ...
Ако носат телефон, следува отказ - Бизарните правила на Ким Кардашијан за дадилките Штом почнат да работат за неа добиваат два прирачници: еден за облекување и еден...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Морничавата опсесија на Ким Кардашијан – купува облека и накит од починати славни личности Шешир на Мајкл Џексон, часовник на Џеки Кенеди, накит на Елизабет Тејлор – Ким К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg