По откажувањето на шоуто, Ким Кардашијан промовира облини на плажа, Кајли деколте, а Кендал по кафе со влечки (фото)
- Детали
- петок, 11 септември 2020
Ријалити ѕвездите уживаат во Малибу откако го најавија крајот на нивното реално шоу.
Пред некој ден, Ким Кардашијан најави дека реалното шоу на нејзиното семејство е пред својот крај. Во четвртокот, пак, ѕвездата уживаше на плажа во Малибу.
39-годишната ријалити ѕвезда ги покажа облините со блуза на долги ракави и бикини. За да ја дополни комбинацијата, Ким одбрала златни обетки и златна нараквица.
И Кендал беше забележана во Малибу, без нејзиното ново момче. Кендал одбрала едноставен спортски изглед, кој го истакнува нејзиното тело на супермодел. Младата ријалити ѕвезда ја дополнила комбинацијата со влечки.
23-годишната Кајли пак ги израдува фановите со неколку фотки направени во нејзиниот двор. Таа одбрала сребрен кроп-топ и фармерки, а ја дополнила комбинацијата со бисерен накит.
Откако се прославија со шоуто, сите членови од семејството Кардашијан-Џенер си изградија свои кариери, а и сите, освен Кендал, основаа свои семејства. Според изворите, Клои била онаа што најмногу плачела за крајот на шоуто.
„Требаше вчера да ѝ кажеме на екипата, па сите плачевме. Но мислам дека Клои најтешко го прифати ова и не престана да плаче откако ја објавивме веста“, изјави Крис, мајката на сестрите Кардашијан-Џенер.
Според неа, ова било навистина тешка одлука, но таа сметала дека сега е вистинското време да му се стави крај на шоуто.
Спирова С. | Црнобело