Од најлошо облечена ѕвезда до модна икона: Трансформацијата на Викторија Бекам + стилски трикови
- Детали
- сабота, 10 април 2021
Кога се проби во светот на шоу-бизнисот, Викторија Бекам беше нарекувана најлошо облечената ѕвезда. Но денес, таа е горд сопственик на моден бренд и неретко ја нарекуваат модна икона.
Викторија Бекам се проби во светот на шоу-бизнисот со групата Spice Girls, но оттогаш нејзиниот живот, но и нејзиниот стил се целосно променети.
На почетоците од кариерата, Викторија неретко беше нарекувана најлошо облечена ѕвезда, но денес е дизајнерка која успеа да си ја заработи титулата модна икона.
Па, како Викторија ја изгради својата модна империја?
Нејзиниот стил не е изграден „преку ноќ“
Викторија е родена во Англија, во 1974 година и потекнува од многу богато семејство, а отсекогаш се интересирала за квалитетна и скапа облека.
На 16-годишна возраст таа си поставила цел да ги изучува театарот, модата и танцот. До 20-тата година од животот Викторија стана дел од групата Spice Girls, а со тоа и идол на многу млади девојки.
Тој период дизајнерката беше препознатлива по тесните фустани и чевлите со високи потпетици.
Откако стапи во брак со фудбалерот Дејвид Бекам, тие неретко се појавуваа во складни комбинации, за кои повеќето ќе се согласат дека изгледаат ужасно. Но тогаш, многумина ја пофалија Викторија за изборот на нејзината венчаница.
Кон средината на 2000-тите Викторија почна да добива покани за модни ревии и да прави свои дизајни. Сепак, ова беа можеби најлошите години за нејзиниот стил.
И покрај љубовта кон модата, Викторија често беше критикувана за изборот на облека, а поради ова некои од најпознатите модни брендови воопшто не сакаа да соработуваат со неа.
Нормално, Викторија не се откажа и лансира своја линија фармерки, како и очила за сонце и парфеми. Овој подвиг ѝ ја донесе наградата Жена на годината во 2007-ма, но таа уште важеше за најлошо облечена ѕвезда.
Уште успеси во светот на модата
Кон крајот на 2007 година Викторија почна постепено да го менува својот стил. Таа ги замени кратките фустани со подискретна облека, а дречливите бои со понеутрални.
Кога, пак, Spice Girls направија турнеја после распадот, таа привлече толку многу внимание, што стана омилена девојка од поранешниот бенд.
Во 2008-ма Викторија го лансира нејзиниот бренд, а најдобри критики добија нејзините тесни фустани со должина до колената.
Набрзо Викторија почнаа да ја нарекуваат модна икона, а се појави и на две насловни страници на „модната библија“ - магазинот Vogue.
Модна икона
Брендот на Викторија стануваше сè попопуларен и во 2011-та беше прогласен за најдобар бренд на годината на Британските модни награди.
Тогаш креациите, но и стилот на Викторија беа опишувани како скромни, но софистицирани, а истите епитети се користат и денес.
Денес Викторија важи за една од најдобро облечените славни жени, а најчесто носи свои креации. За разлика од дречливите комбинации во минатото, сега таа преферира минимализам и каде и да се појави, изгледа беспрекорно.