Алекс Родригез ја посети Џеј Ло во Доминиканската Република, по гласините за неверството и разделбата
- Детали
- вторник, 16 март 2021
Алекс Родригез објави видео на Инстаграм Стори од погледнот на неговиот балкон во Доминиканска Република, каде што Џеј Ло снима филм, во кое ја тагирал и неа. Поранешниот бејзбол играч ја посети вереницата само неколку денови после гласините дека се разделиле.
Алекс Родригез замина во Доминиканска Република, откако со Џеј Ло ги демантираа гласините дека ѝ ставиле крај на 4-годишната врска.
Скоро сите познати светски медиуми споделија дека Џеј Ло и Алекс ја раскинале свршувачката, но веќе следниот ден, познатиот пар даде изјава тврдејќи дека иако работат на некои проблеми, сепак уште се заедно.
Бидејќи Џеј Ло веќе извесно време е во Доминиканска република каде што снима филм, Алекс решил да ја посети и веројатно да ѝ покаже на јавноста дека тие двајца уште се заедно.
Поранешниот бејзбол играч сподели видео на Инстаграм Стори од погледот од неговиот балкон, со опис:
„Среќен понеделник. Нова недела. Нов Ден. Напред. Нагоре.“
На видеото не се гледа 51-годишната Џеј Ло, но 45-годишниот Алекс ја тагирал за да докаже дека се заедно.
Набрзо потоа Алекс сподели и Инстаграм Стори со фотка од авион, но не е познато дали e напрвена додека си одел од Доминиканска Република. Сепак, чудно е што најверојатно веднаш си заминал од таму, но и тоа што Џеј Ло воопшто не се појавува во неговото видео.
Претходно Алекс беше во Мајами, а извори блиски до парот открија дека тој и Џеј Ло се соочуваат со многу проблеми. Истовремено, нагласија дека гласините за неверството на Алекс немаат врска со нивните проблеми.
Спирова С. | Црнобело