Меган Маркл ги обвинува Кејт и Камила за ширење лаги дека ги понижувала вработените во палатата - кралицата почнува истрага
- Детали
- петок, 05 март 2021
По трејлерот за интервјуто во шоуто на Опра, вработени во кралската палата изјавија дека Меган ги малтретирала и понижувала додека била таму, а кралицата ќе почне истрага во врска со гласините. Меган, пак, ги обвинува Камила, Кејт и принцот Чарлс за ширење на овие, но и други слични лаги.
Откако беше објавен трејлерот за ексклузивното интервју на Опра со Меган и Хари, драмата околу кралското семејство не стивнува.
Додека Меган и Хари се жалеа дека британските медиуми споделуваат многу лаги за нив и сакаат да ги уништат, во јавноста протекоа информации дека Меган Маркл имала ужасен однос кон вработените во палатата додека живееше таму.
Извор близок до парот, пак, вели дека за овие гласини Меган ги обвинува Кејт Мидлтон, Камила и принцот Чарлс.
Британските медиуми пренесуваат дека Меган натерала двајца лични асистенти да си дадат отказ поради лошото однесување, а на многу други вработени во палатата им ја уништила самодовербата.
Набрзо откако вестите стигнаа до јавноста, од палатата соопштија дека ќе започнат истрага со цел да ја откријат вистината. За британските медиуми, извори блиски до кралското семејство велат дека веќе 10-тина сегашни и поранешни вработени се согласиле да помогнат во истрагата и да ја откријат вистината за Меган.
„Група луѓе се подготвени да помогнат во истрагата. Молчеа премногу долго, а има многу да се каже“, тврди еден од изворите.
Некои од вработените изјавиле дека и принцот Хари ги третирал слично. Пред венчавката со Меган, тој му се развикал на некој асистент за безначајна грешка, а ова било само еден пример за неговото лошо однесување.
Наводно, бидејќи нема формални обвинувања, туку само гласини, вработените кои имале лошо искуство со Меган и Хари само ќе ги споделат нивните приказни, но истрагата нема да се фокусира на нив, туку на тоа како палатата се справила со поплаките – некои вработени изјавиле дека сите биле свесни за лошиот однос на Меган, но не преземале ништо.
„Палатата ги слушна поплаките и на тие вработени им даде опција да направат нешто во врска со тоа. Но, тие одлучија да не прават ништо, веројатно бидејќи некои од нив уште работеа таму и им беше страв за последиците“.
Идентитетот на вработените кои сакаат да сведочат ќе биде чуван во тајност.
Во интервјуто со Опра, парот ќе зборува за лагите што биле пишувани за нив во медиумите, а според извори блиски до парот, Меган е убедена дека Кејт Мидлтон, Камила и принцот Чарлс ги ширеле лошите гласини.
Во меѓувреме, извори блиски до палатата велат дека моментално најголемиот фокус на кралицата е лошата здравствена состојба на нејзиниот сопруг, принцот Филип.
99-годишниот Филип неодамна имаше операција на срцето и моментално се наоѓа во болница, а не е познато колку долго ќе остане таму.
Ексклузивното интервју на Меган и Хари со Опра ќе се емитува на телевизијата CBS на 7-ми март. Во него, Хари и Меган отворено ќе зборуваат за животот во палатата, како и одлуката да го напуштат кралското семејство.
Претходно, во интервју со Џејмс Корден, Хари откри дека „британските медиуми се токсични“ и пишувале многу лаги за него и за Меган. Кога сфатил какво негативно влијание има сето тоа врз него, Меган и Арчи, одлучил дека најдобро е да го напуштат кралското семејство.
Погледнете и „Се плашев дека историјата ќе се повтори“ - моќниот трејлер за интервјуто на Хари и Меган со Опра (видео)
Спирова С. | Црнобело