„Се плашев дека историјата ќе се повтори“ - моќниот трејлер за интервјуто на Хари и Меган со Опра (видео)
- Детали
- понеделник, 01 март 2021
Опра вели дека ова е најдоброто интервју што го направила некогаш. Во него таа поставува неверојатно смели прашања, а Хари и Меган откриваат шокантни детали.
Принцот Хари и бремената Меган Маркл се појавија во шоуто на Опра, кое е закажано да се емитува на телевизијата CBS на 7-ми март.
Во трејлерот за интервјуто се гледа како Хари искрено кажува „се плашев дека историјата ќе се повтори“ најверојатно мислејќи на неговата мајка Дијана кога трагично загина откако медиумите ѝ го направија животот неподнослив, следејќи ја секогаш и секаде, па дури и во тој миг кога се случи сообраќајната незгода.
Тој признава дека напуштањето на кралското семејство било неверојатно тешко.
Од друга страна, пак, Меган молчи за време на краткиот трејлер и со раката нежно се држи за трудничкиот стомак, но Опра ја прашува дали животот како дел од кралското семејство бил речиси претежок за преживување и дали дошла до точка на пукање.
Исто така, во видеото Опра заклучува „вие кажавте доста шокантни работи тука“, а со тоа ја буди нетрпеливоста да го погледнете целото интервју.
Опра вели дека ова е најдоброто интервју што го направила некогаш.
Погледнете ја најавата:
С. С. | Црнобело