Фотки со јазици, а сега и носење крв на вратот: Бизарностите од врската на Меган Фокс и Машин Ган Кели
- Детали
- понеделник, 15 февруари 2021
По разводот од Брајан Острин Грин, со кого има 3 деца, Меган Фокс е тинејџерски вљубена. Таа по повод Денот на Вљубените го нарече своето русокосо момче рехабилитирана барбика.
Врската на Меган Фокс и Машин Ган Кели процвета во изминатата година. Парот не се штеди при покажувањето емоции на социјалните мрежи.
Сега, по повод Денот на вљубените Машин Ган Кели откри дека на вратот ја носи крвта на својата сакана.
30-годишниот музичар го покажа уникатниот накит во чест на Меган и напиша: „Ја носам твојата крв околу вратот. Мој крвав Валентајн (Bloody Valentine)“.
Со ова тој асоцира на неговиот хит „Bloody Valentine“ од 5-от албум, со кој тој и Меган ги разгореа гласините откако се појавија заедно во неговиот музички запис.
И Меган Фокс со заедничка фотографија од нив го одбележа Денот на вљубените и на саканиот му порача:
„Еве каде оди моето срце, се манифестира надвор од моето тело, во силуетата на најнеобичното привлечно момче, магично и прогонувано, кинетичко и измачувано, етерично и опасно, космичко, без закони, кретивно суштество. Патувањето ќе биде неверојатно опасно, но нема дестинација без него. Среќен Валентајн рехабилитирана барбико.“
Парот се запозна минатата година на снимањето на филмот „Midnight in the Switchgrass“.
Поранешниот сопруг на Меган, Брајан Остин Грин исто така кажа дека ова било чудна година за него, но прекрасен Валентајн со неговата нова девојка Шарна Бургес (35).
Повеќе фотки од Меган Фокс и Машин Ган Кели:
С. С. | Црнобело