„Не е Фотошоп, божица сум“ – Карлеуша не остана рамнодушна на критиките за нејзиното тело
- Детали
- петок, 29 јануари 2021
По папарацо фотките од нејзиниот незатегнат стомак, Јелена Карлеуша им ги затвори устите на критичарите со секси видео покажувајќи го нејзиното згодно тело во реално издание.
фото 1: Инстаграм / фото 2: Инстаграм / фото 3: Инстаграм / фото 4: ATA Images/Инстаграм
Јелена Карлеуша (42) важи за една од најзгодните естрадни личности во регионот, која постојано ги поместува модните граници, следејќи светски трендови.
Таа не се плаши да покаже повеќе голотија и мудро ги бира аутфитите кои го истакнуваат нејзиното извајано тело.
Иако неколкупати досега се покажало дека таа не изгледа исто на Инстаграм и во реалноста, сепак овојпат не дозволува да ја обвинат за Фотошоп.
На снимањето на најновата емисија Ѕвездите на Гранд, Карлеуша беше фотографирана на излегување од автомобилот, а нејзиниот стомак не изгледаше така затегнато како на нејзините фотки.
Папарацо фотките може да ги видите ТУКА.
Сепак, Јелена реши да им ги затвори устите на критичарите и издоминира на сцената на Ѕвездите на Гранд покажувајќи го нејзиното згодно тело во секси издание, облечена во креација на Дона Матоши.
Изгледа овојпат пејачката е лажно обвинета за Фотошоп, а во описот таа напиша: „Не е Фотошоп туку БожицаШоп“.
Повеќе фотки од нејзиното последно модно појавување:
Прочитајте и „Имам балкански задник со целулит“ – Јелена Карлеуша е бикини кралица на Инстаграм
М. М. | Црнобело