Дона Матоши - креаторка од Косово која ги облекува и светските ѕвезди (фото)
Дона Матоши е една од најпопуларните модни дизајнерки во Косово. Ако сакате да изгледате уникатно и незаборавно, нејзините креации го гарантираат истото.
Дона го разбира женското тело и користи детали кои ги истакнуваат убавините на облините. Нејзината умешност да изработува креации кои предизвикуваат овации е навистина фасцинантна.
Јелена Карлеуша во креација на Матоши
Светски познати ѕвезди честопати се одлучуваат за нејзина креација. Последно, Блек Чајна носеше нејзина вечерна тоалета на Оскарите.
Ова е нејзината најнова колекција за невестински фустани, со фотосесија снимена во Скопје.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Повеќе фотки во галеријата:
Е. П. | Црнобело / фото: Инстаграм