Бред Пит не се тушира, Ким Кардашијан спие со шминка – лошите навики на славните
- Детали
- недела, 27 декември 2020
Бред Пит не сака да се тушира, Хју Џекмен е зависен од кафе, а Ким Кардашијан спие со шминка – изгледа и славните имаат бројни лоши навики.
Обично ги поврзуваме славните со здрав начин на живот – вежбање, здрава исхрана, избегнување работи кои се штетни за нив… Но, и тие се само луѓе и речиси сите си имаат понекоја лоша навика.
Во продолжение погледнете кои се лошите навики на славните:
Софи Турнер, Наоми Кемпбел и Мет Дејмон – пушење цигари
Бред Пит и Кристен Стјуарт – не сакаат да се тушираат
Бред Пит, кој важи за еден од најпосакуваните мажи во Холивуд, има изјавено дека немал многу време за туширање, особено пред разделбата со Анџелина, додека децата им беа мали, па само си ги чистел пазувите со влажна марамчиња.
Според гласините на луѓе кои соработувале со Кристен Стјуарт, и актерката не е голем фан на туширањето и, наводно, многу ретко си ја миела косата.
Ким Кардашијан – спие со шминка
Секоја жена знае дека спиењето со шминка е најлошото нешто што можете да ѝ го направите на вашата кожа. Ако си легнете со шминка, таа ќе ги затне порите на кожата и можат да се појават секакви проблеми – од акни и митесери, до иритација. Но, Ким Кардашијан го игнорира сето ова.
„Навистина сум мрзлива и не можам да се шминкам секој ден, па си легнувам со шминка“, има изјавено таа.
Џиџи Хадид и Зендаја – не пијат вода
Иако на нашиот организам му треба вода, изгледа на многу луѓе му е тешко да ја пијат доволно. Овде спаѓаат и Џиџи Хадид и Зендаја.
„Воопшто не пијам вода. Мајка ми постојано ме тера и мислам дека е време да го променам тоа“, има изјавено Џиџи.
Зендаја, пак, вели дека го мразела пиењето вода.