Бред Пит не се тушира, Ким Кардашијан спие со шминка – лошите навики на славните
Џорџ Клуни и Рене Зелвегер – не спијат доволно
На човечкиот организам му е потребен сон, и тоа барем 7 часа секоја вечер. Сепак, изгледа за некои луѓе ова е невозможна мисија.
Џорџ Клуни има изјавено дека имал тешкотии со спиењето и во текот на ноќта се будел најмалку петпати. Откако со Амал ги добија близнаците, актерот изјави дека спиел уште помалку.
Рене Зелвегер има изјавено дека поради натрупаниот распоред, скоро и да нема време за спиење, а некогаш не си легнувала сè додека не е екстремно уморна.
Рис Витерспун и Бијонсе – луди диети
Славните постојано чувствуваат притисок да изгледаат совршено, па не е ни чудно што пробуваат секакви диети, дури и оние најбизарните. На пример, Рис Витерспун покрај другите, ја следела и диетата со бебешка храна која забранува сè друго освен храна за бебиња.
Бијонсе изгледа е кралица на лудите диети – таа има слабеено со диета која дозволува само пијалаци, диета со помалку од 1.000 калории дневно, диета која дозволува само салата од краставици за ручек…
Ева Мендез, Том Круз и Илајџа Вуд – грицкање нокти
Грицкањето нокти може да предизвика цела низа проблеми, но славните како Ева Мендез, Том Круз и Илајџа Вуд сепак не можат да се ослободат од оваа навика.
Џими Фалон и Кајли Џенер – брза храна
Сите сакаме брза храна и нема ништо лошо во тоа одвреме-навреме да ја јадете. Проблемот настанува кога целата ваша исхрана се состои од брза храна, која е полна со масти и калории.
И покрај тоа што сигурно имаат цел тим готвачи во домот, ни славните не можат да ѝ одолеат на брзата храна. Некои од нив, како Џими Фелон и Кајли Џенер, имаат изјавено дека се и зависни од неа.
Ема Вотсон и Ким Кардашијан – неправилно држење на телото
Ако сте како повеќето, веројатно и вам многупати ви рекле да се исправите. Поради некоја причина, многу луѓе имаат проблем со неправилно држење на телото, а овде спаѓаат и славните.
За Ким Кардашијан и Ема Вотсон доволно е да им ги погледнете фотографиите за да сфатите дека навистина го имаат овој проблем.
Спирова С. | Црнобело