Том Круз и уште 6 ѕвезди со ужасен карактер - хорор се за соработниците на филмските сетови
- Детали
- понеделник, 21 декември 2020
Џулија Робертс ги асоцира соработниците на пекол, а пак Гвинет Палтроу се кара со кој ќе стигне. На сет Брус Вилис важи за „вистински ѓавол“. Режистерите велат дека мозокот им експлодира кога работат со него.
На јавните настани ѕвездите се најчесто насмеани и љубезни, но какви се на работа, односно на снимањето на филмови?
Кои од нив се претвораат во вистински „чудовишта“ според нивните соработници?
Том Круз
Одамна се говори за лошиот карактер на актерот, кој на моменти е дури насилен, а последен во низата скандали беше неговиот испад на снимањето на филмот „Mission Impossible – 7“, каде 5 луѓе дадоа отказ поради него.
Џулија Робертс
На снимањето на филмот „Hook“ на почетокот ја нарекувале Ѕвончица, но поради нејзиниот тежок карактер на крај со нејзиното име се поврзувал зборот пекол.
Алек Болдвин
Актерот често си дозволува да се однесува навредливо. Во 2012 тој беше отпуштен од ТВ шоу поради хомофобски забелешки кон еден снимател.
Дастин Хофман
Актерот е таков перфекционист кој наоѓа замерки при снимањето на секој филм и навистина е тешко да се соработува со него.
Гвинет Палтроу
Актерката е позната по тоа што не прави компромиси со никого. На снимањето на филмот „Iron Man – 2“ неколкупати се скарала со Скарлет Јохансон.
Брус Вилис
Изгледа навистина слатко, но на сет Брус Вилис според соработниците важи за „вистински ѓавол“. Режистерите велат дека мозокот им експлодира кога работат со него.
Меган Фокс
Актерката се караше со режисерот на филмот „Transformers“, а дури го нарече и Хитлер.
С. С. | Црнобело