Деми Ловато, Кајли Џенер - Славни личности кои ја прифатиле поканата и отишле на матурска вечер со нивните фанови
- Детали
- среда, 14 октомври 2020
Веројатно не постoи средношколец кој не би сакал да оди на матурската вечер со неговиот најголем идол. Повеќето можат само да сонуваат за тоа, но некои матуранти навистина ја имале оваа можност.
Не е ништо ново фановите да ги канат нивните идоли на матурска вечер, но навистина е неверојатно кога славните ќе прифатат.
Погледнете кои славни им приредиле пријатно изненадување на фановите и ја прифатиле нивната покана:
Додека одела во градинка, Деми Ловато му ветила на нејзиниот пријател Нолан дека кога ќе пораснат, таа ќе му биде партнерка на матурската вечер.
Животот на пејачката тргнал во неочекувана насока – таа стана светски позната пејачка, а Нолан станал нејзин огромен фан. Но, Деми не заборавила на ветувањето и навистина отишла со него на матурската прослава во средното училиште Grapevine во Тексас.
Ванеса Хаџенс му приредила вистинско изненадување на Цезар Гереро за неговата матурска вечер.
Цезар имал рак, а неговото средно училиште се здружило со организација која им помага на болните деца.
Ванеса соработува со токму оваа организација и кога дознала дека Цезар е нејзин огромен фан, таа отишла на матурска вечер со него. Актерката останала на забавата цела ноќ.
Нарбе е еден од најголемите фанови на Клои Кардашијан, па дури има и Instagram страница посветена само на неа.
Тој ја запознал Клои во 2018-та и онлајн си размениле неколку пораки. Веројатно тогаш Нарбе ја поканил на неговата матурска и, на негово огромно изненадување, таа прифатила. Клои дури сподели и фотографии од настанот, со опис:
„Мојата прва матурска, а отидов со најдоброто момче!!! Премногу се забавуваме! Згоден е, зарем не?“