Деми Ловато, Кајли Џенер - Славни личности кои ја прифатиле поканата и отишле на матурска вечер со нивните фанови
Уште една девојка од кланот Кардашијан-Џенер му исполнила слична желба на еден фан. На Алберт Очоа партнерка за матура му била Кајли Џенер.
Младата богаташка изјави дека не можела да ја одбие неговата покана, најмногу бидејќи никогаш немала можност да оди на матурска.
Никол Муксо објавила видео на YouTube со кое го покани кошаркарот Двејн Вејд на нејзината матурска:
„Здраво Двејн Вејд, јас сум Никол и се ближи мојата матурска вечер. Имам подготвено сè за совршената вечер, освен уште едно нешто – совршен партнер. Бидејќи си ми омилен кошаркар, се запрашав дали ќе сакаш да одиш на матурската вечер со мене?“
Кошаркарот не можел да ја одбие понудата, па ѝ ја исполнил желбата на Никол.
Во 1996-та Тупак ѝ бил партнер на неговата обожавателка Ташауна Хауард. Тој период немало социјални мрежи, па Ташауна била покреативна со поканата.
Таа напишала писмо до клубот на фанови на раперот, во кое му кажала колку ја сака неговата музика. На шега додала дека ако Тупак го прочита писмото, би сакала да ѝ биде партнер на матурската вечер.
На нејзиното огромно изненадување, Тупак отишол кај неа дома и прво ја прашал дали има фустан. Потоа ѝ дал пари да си купи, а на прославата ја однел со лимузина.
Спирова С. | Црнобело