„Не се откажувам“ – Шенон Доерти сака да се збогува со најблиските, но верува дека уште е рано за тоа

Шенон Доерти води битка со ракот на дојката, и иако сака да им напише писма и да сними видео пораки за нејзините најблиски, сè уште не е подготвена на тоа, бидејќи верува дека има уште многу години живот.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-01.jpg

Пред околу 3 години, актерката Шенон Доерти заврши со терапијата за ракот на дојката. Но, во 2019-та, нејзиниот лекар ѝ соопштил дека ракот се вратил, овојпат во четврти стадиум. Односно, ракот веќе почнал да се проширува и на другите делови од телото.

Во неодамнешно интервју за Elle, актерката отворено прозбори за болеста и, најважно од сè, нагласи дека се чувствува добро и дека сигурно ќе живее барем уште 10 години.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-02.jpg

49-годишната актерка сакала да сними и видео пораки за нејзините сакани, кои ќе можат да ги погледнат по нејзината смрт. Но, вели дека уште не сака да почне со тоа бидејќи не губи надеж.

„Немам седнато да напишам писма. Тоа е нешто што треба да го направам. Има нешта што сакам да ѝ ги кажам на мајка ми. Сакам сопругот да знае колку ми значи. Но секогаш кога доаѓа време да го направам тоа, ми се чини како да е крај. Се чувствувам како да се откажувам, а јас не се откажувам“.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-03.jpg

Иако Шенон најверојатно целиот живот ќе треба да прима терапија за болеста, таа вели дека не ја очекува смртта.

„Се чувствувам како многу, многу здраво човечко суштество. Тешко е да се збогувате со сè кога чувствувате дека ќе живеете уште 10 или 15 години“, изјави таа за Elle.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-04.jpg

Засега, актерката вели дека сака да се фокусира на убавите нешта во нејзиниот живот:

„Се обидувам да ги ценам малите моменти кои повеќето луѓе не ги забележуваат или ги земаат здраво за готово. Малите нешта мене ми изгледаат големо. Сите го имаме овој бунар без дно во нас, и треба да продолжиме да копаме во тој бунар за да ја најдеме силата да се соочиме со неправдата – и така можеме да ја видиме и целата убавина“.

Шенон призна и дека, нормално, имало денови кога се чувствувала депресивно, но успевала да ги надмине тие мигови со помошта од нејзините најблиски.

ne-se-otkazhuvam-shenon-doerti-saka-da-se-zboguva-so-najbliskite-no-veruva-deka-ushte-e-rano-za-toa-05.jpg

Таа сподели и фотографија на Instagram која е дел од фотосесијата за Elle, со извадок од интервјуто:

„Во 2015-та, Шенон Доерти стана една од приближно 300.000 жени од Америка кои секоја година се дијагностицирани со рак на дојката. Во повеќето случаи, првата терапија е ефикасна и го лекува пациентот. Но во многу други случаи, ракот на дојката се враќа. Во 2019-та, ракот на Доерти се врати како метастазен (познат и како рак во четврти стадиум). Додека некои го гледаат ова како смртна казна, Доерти го гледа како можност“.

Во описот, Шенон споделува и нејзина изјава:

„Имам уште многу живот пред мене“.

https://www.instagram.com/p/CFxlzBvBAZh/

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg