Кога ти е удобно во својата кожа: Гвинет Палтроу позираше сосема гола за својот 48-ми роденден (фото)
- Детали
- понеделник, 28 септември 2020
Сите беа воодушевени од храброста и фит изгледот на 48-годишната актерка, освен нејзината 16-годишна ќерка која шеговито ја искара за потегот.
Гвинет Палтроу во неделата (27.09) го прослави својот 48-ми роденден на смел и уникатен начин. Таа позираше сосема гола во својата градина.
Актерката очигледно се чувствува удобно во своја кожа, а фановите беа воодушевени и за кусо време собра повеќе од 800.000 лајкови на фотографијата на Инстаграм.
Таа навистина изгледа одлично и позната е по тоа што не се плаши папараците да ја уловат во какво било издание – од сензационалност и гламур на црвениот тепих до несреденост како за по „дома“.
Единствено, замерка на нејзиниот потег пронајде нејзината 16-годишна ќерка Епл Мартин, таа шеговито на објавата и прокоментира: „МАМО“.
Прочитајте и Долгонога русокоса: Гвинет Палтроу ја покажа прекрасната ќерка за 16-тиот роденден поминат дома (фото)
Роденденската фотографија:
С. С. | Црнобело