Долгонога русокоса: Гвинет Палтроу ја покажа прекрасната ќерка за 16-тиот роденден поминат дома (фото)
- Детали
- петок, 15 мај 2020
Гвинет Палтроу и пејачот од Coldplay, Крис Мартин, повеќе не се во брак, но заедно ја имаат ќерката Епл. Во четвртокот Епл го прослави нејзиниот 16-ти роденден, а по тој повод, Гвинет објави неколку фотографии.
Младата девојка изгледа прекрасно и многу наликува на нејзината мајка.
„Не ми се верува дека ги пишувам овие зборови но… среќен 16-ти мое драго девојче. Ти си светлината на моето срце, ти си чиста радост. Ти си многу интелигентна и ја имаш најдобрата смисла за хумор.
Ги сакам нашите ноќни разговори кога можам да слушнам што навистина мислиш. Работиш напорно за да го постигнеш она што сакаш. Пресреќна сум што сум твоја мајка, ти убава, млада жено“, напишала актерката.
Гвинет додаде и дека ѝ е криво што ќерка ѝ немала можност да го прослави роденденот поради пандемијата.
Актерката поголемиот дел од времето го минува со Епл и 14-годишниот син Моузес кој, исто како сестра му, минатиот месец имаше „карантински“ роденден.
Гвинет речиси никогаш не споделува фотографии од нејзините деца, па објавата со Епл навистина ги изненади фановите.
https://www.instagram.com/p/Bsl4cPnhled/?utm_source=ig_embed
Спирова С. | Црнобело