Бредли Купер и Ирина Шајк „уловени“ во прегратка средe Њујорк (фото)
- Детали
- среда, 09 септември 2020
Бредли Купер и бившата Ирина Шајк беа забележани како се прегрнуваат во Њујорк.
Ирина и познатиот актер се немаат појавено заедно во јавноста уште од февруари, но во вторникот, тие беа забележани со нивната ќерка.
45-годишниот Бредли ја прегрна 34-годишната Ирина, пред таа да продолжи да се движи со нивната ќерка.
Инаку парот ја започна врската во 2015-та, ја добија ќерката во 2017-та, а се разделија во јуни минатата година. Тие имаат заедничко старателство врз нивното дете, и иако и двајцата редовно се шетаат со детето, вистинска реткост е да бидат „уловени“ заедно.
Во јануари, Ирина и прозбори за нивната разделба:
„Мислам дека во сите добри врски ние го покажуваме најдоброто и најлошото од нас – тоа е природата на луѓето. Двајца одлични луѓе не мора да бидат добар пар“, изјави таа за Harper's Bazaar.
Тогаш Ирина сподели и како се чувстува како сингл мајка:
„Тешко е да најдете рамнотежа помеѓу тоа да бидете самохрана мајка и жена која работи“.
Ирина очигледно ја преболела разделбата со Бредли, бидејќи неколкупати е забележана со друг маж.
Актерот, пак, откри како го минува овој период со семејството:
„Живеам со ќерка ми , мајка ми и моите две кучиња и ја немаме напуштено куќата. Мајка ми ќе биде 80, па не смеам да пуштам никој во куќата. И, не можам да ја напуштам куќата бидејќи ако таа се зарази, готово е. Живееме во мала куќа и, за среќа, има двор. Самиот водам градинка – стануваме, па учиме да пливаме во кадата“.
Прочитајте и Ирина Шајк во секси издание во парк со ќерка ѝ - во врска е со бившиот на Хајди Клум и Амбер Хард?
Спирова С. | Црнобело