Ирина Шајк во секси издание во парк со ќерка ѝ - во врска е со бившиот на Хајди Клум и Амбер Хард?
- Детали
- вторник, 01 септември 2020
Изгледа гласините од март дека Ирина Шајк и плејбојот Вито Шнабел се во врска се точни. Тие изгледаат како среќно семејство во парк во Њујорк со малата Леа.
Ирина Шајк (34) десет месеци по разделбата со Бредли Купер во март беше фотографирана како оди на средба со Вито Шнабел и во тој период ја крши препораката за самоизолација.
Оттогаш почнаа гласини дека руската убавица и бившиот на Хајди Клум и Амбер Хард се во врска.
Плејбојот и трговец со уметнички дела повторно беше фотографиран со Шајк, овојпат во парк со Њујорк со нејзината ќеркичка Леа.
Шајк изгледаше впечатливо во долг свилен фустан, додека си играше со топка со својата 3-годишна наследничка.
Ова уште повеќе додава оган на гласините дека Ирина и Вито се во врска уште од март годинава, а можеби и порано.
Инаку, порано тие биле пријатели и оделе заедно на љубовни состаноци кога Ирина била со Бредли Купер, а Вито со Хајди Клум.
Фотки од Ирина Шајк и Вито Шнабел:
С. С. | Црнобело