Дали Бруклин Бекам и Никола Пелц веќе го очекуваат првото дете?
- Детали
- вторник, 18 август 2020
Можеби Бруклин Бекам не стана фудбалер, ниту, пак, го интересира модата, но ги следи чекорите на неговите родители на друг начин.
21-годишниот Бруклин и неговата девојка Никола Пелц се лудо вљубени, а сега се појавија гласини дека можеби очекуваат и дете.
Ако се сеќавате, Викторија и Бекам се венчаа млади, а пред венчавката Бруклин веќе беше роден. Сега, пак, голем број фанови се убедени дека истото ќе го видиме и од Бруклин и Никола.
Првпат дознавме за оваа врска во октомври минатата година, а во јануари Никола ја објави и нивната прва заедничка фотографија.
Една недела подоцна, Бруклин јавно ѝ го честиташе роденденот на Никола, а во февруари парот беше забележан на Модната недела во Париз.
На фановите им стана јасно колку се вљубени Бруклин и Никола, откако тој сподели заедничка фотографија со опис:
„Ветувам дека секогаш ќе се грижам за тебе и дека ќе те сакам со целото мое срце“.
Кога Бруклин го прославуваше 21-виот роденден во март, тој и Никола беа главните ѕвезди не само на забавата, туку и во медиумите ширум целиот свет.
Во јули почнаа гласините дека тие веќе се вериле, а после 9 месеци заедно, парот и официјално ги потврди новостите на Instagram.
Навистина не помина многу време од свршувачката, но фановите веќе шпекулираат за бременоста на Никола.
Пред некој ден таа објави фотографија од неа и Бруклин, а во описот стои „baby B“ (бебе Б). Ова уште толку ги разгори гласините и многумина веруваат дека Никола сакала да каже дека е бремена.
Во коментарите фановите ја прашуваат дали е бремена, а некои веќе и ѝ честитале.
Пред околу една недела, Бруклин сподели фотографија од Никола со широк фустан, кој фановите го протолкува како уште еден знак за нејзината бременост.
Засега парот ги нема потврден новостите, но ги нема ни негирано, па останува само да чекаме.
Спирова С. | Црнобело