Бруклин Бекам и Никола Пелц тајно се венчале – таа го покажа прстенот, тој е на одмор со Дејвид (фото)
- Детали
- понеделник, 10 август 2020
Бруклин и Никола ги соопштија новостите за нивната свршувачка минатиот месец, а сега се појавија гласини и дека можеби тајно се венчале.
25-годишната Никола беше забележана како оди на шопинг со вереничкиот прстен од 350.000 фунти. Прстенот е со едноставен дизајн, а украсен е со еден голем дијамант.
Во саботата Никола ги натера фановите да поверуваат дека можеби тајно се венчале со Бруклин. Младата девојка сподели „стори“ на нејзиниот Instagram профил, на кое се гледаат нивните раце.
Она што ги разгори гласините е бурмата што ја носи Бруклин. Никола не напишала ништо на фотографијата, но фановите се убедени дека тие се веќе во брак.
И покрај овие гласини, парот сепак се подготвува за големата прослава, а се очекува таткото милијардер на Никола да ги покрие трошоците. Наводно, и Бекамови сакале да платат дел од трошоците.
Бидејќи таткото на Никола е Евреин, исто како и пра-дедото на Бруклин, изворите велат дека венчавката на младиот пар ќе има и традиционални еврејски елементи.
Се верува дека Бруклин и Никола ќе потрошат околу 4 милиони фунти за две прослави, кои најверојатно ќе се одржат во 2021-ва.
Додека кружат гласините за венчавката на младиот пар, Бруклин е на одмор со Дејвид и неговите браќа во Грција.
45-годишниот фудбалер и синовите Бруклин, Ромео и Круз беа фотографирани на плажа во Грција, како прават селфиња, се капат и уживаат во заедничките моменти.
Бекамови на одмор во Грција:
Спирова С. | Црнобело