Потресна исповед на Џесика Симпсон за жената што сексуално ја злоупотребувала како дете
- Детали
- сабота, 01 август 2020
40-годишната пејачка отворено говори за најболното искуство во нејзиниот живот и воодушевува со храброста.
Џесика Симпсон уште многу одамна одлучи дека тоа што била сексуално злоупотребувана како дете нема да ја дефинира.
Се разбира, дека тоа е многу полесно да се каже, отколку да се направи, но таа дефинитивно е пример за ментална сила и одлучност.
Џесика направи и огромен чекор кога годинава отворено проговори за тоа што ѝ се случувало во детството во книгата „Open Book“, каде детално го опишува искуството со жената што ја злоупотребувала, а потоа и со борбата со зависноста од алкохол и апчиња.
Сега, Симпсон открива уште детали од нејзиното трауматично искуство. Вели дека отишла во нејзиниот роден град за да се соочи лице во лице со жената што ја злоупотребувала, која била семеен пријател на нејзините родители.
Секоја чест за храброста на Симпсон, која не сопира тука.
40-годишната пејачка отишла кај неа со една намера. Да ѝ каже дека нема да живее со негирање на тоа што се случило и да ѝ каже дека знае дека и таа била злоупотребувана како дете.
Во интервју за американските медиуми Симпсон откри: „Пред 8 години бев да се соочам со неа. Отидов и ѝ кажав: „Знам дека знаеш што се случуваше и знам дека и ти си била сексуално злоупотребувана од постар маж... Тој исто така секогаш беше во куќата.“
Тој не ме допираше мене, но ја допираше неа и потоа таа доаѓаше и ми правеше работи на мене. Затоа на многу начини се чувствував лошо за неа и дозволував злоупотребата да се случува.“
Џесика дури ѝ порачува на оваа жена да побара иста помош и третман како што добила таа, а најшокантно од сѐ е што ѝ нуди прошка.
„Знам дека имаш многу работи со кои треба да се справиш и мора да зборуваш со некого за и ти да успееш да закрепнеш. Сакам само да знаеш дека ти простувам и сакам да знаеш дека сум свесна што се случуваше меѓу нас и дека нема да живеам со негирање на тоа.“
С. С. | Црнобело