Хилари Даф објави интимни фотки од породувањето дома во вода со четвртото дете
- Детали
- четврток, 09 мај 2024
„Сега знам зошто те чекавме толку долго“ – Хилари Даф објави емотивни и интимни фотки од породувањето со четвртото дете, во базен во домашни услови.
Хилари Даф се породи со четвртото дете, кое го доби со сопругот Метју Кома, со кого од претходно има уште 2 деца. Таа има уште едно дете од поранешниот сопруг.
Како и претходно, актерката повторно се одлучи за породување во вода во домашни услови, а на Инстаграм објави интимни моменти од чинот, кои се овековечени од страна на професионален фотограф.
Моментот кога првпат ѝ го ставиле детето на гради, првиот бакнеж со новороденото дете додека таа уште седи во базенот со вода, но и сопругот кој бил покрај неа за целото време и заедно се прегрнуваат.
„Таунс Медоу Беар, сега знаеме зошто ја чекавме толку долго. Ѝ требало време да ги создаде до перфекција нејзините образо.
Сонував со месеци за моментот кога ќе те држам во раце, а последните 5 дена откако те запознав, зјапањето во тебе и твојот мирис, ми се магични моменти.
Те сакаме сите како да си била тука отсекогаш убавице“ - напиша Хилари во Инстаграм објавата.
Инаку, во последните денови од бременоста таа едвај чекаше да се породи и често споделуваше со фановите дека тешко го поминува тој период на исчекување.
Прочитајте и Едвај ги издржува последните денови од 4-тата бременост – Хилари Даф без градник и отечена, чека да се породи
М. М. | Црнобелo