Северина и Калиопи со емотивни пораки се сеќаваат на Оливер Драгојевиќ 2 години откако „отплови“ во вечноста
- Детали
- среда, 29 јули 2020
Поминаа 2 години откако хрватскиот пејач за последен пат отплови од Сплит кон Вела Лука, каде беше погребан, а Северина и Калиопи се потсетија на него со емотивни пораки и приказни.
На 29 јули 2018-та, на 70-годишна возраст, Оливер Драгојевиќ ја загуби битката со ракот, а зад себе остави огромна музичка историја која никогаш нема да биде заборавена и по која секогаш ќе го паметиме.
Во Сплит беше организирано величествено испраќање, од каде на катамаран телото на пејачот заедно со семејството отплови кон Вела Лука, на Корчула, од каде што потекнува.
2 години подоцна неговите колеги не го забораваат, а на своите профили Калиопи и Северина објавија емотивни пораки.
Калиопи објави фотка со него и напиша:
„Истура небо силни дождови
Едни се сиви, а други светло розови
Сѐ што ни треба се зборој искрени
Ако ги нема, никој од нас не постои...”
Споменот буди радост и болка... Благословена сум што бев дел од приказната што ја создаде ти...
Северина пак, објави видео на кое пее негова песна и раскажа интересна приказна:
„Оливер го сакав како музичар и како личност... повеќе пати патувавме заедно, се смеевме, возеше брзо. Еднаш, некаде летото 2001-ва, ме замоли да одржам концерт наместо него во Вела Лука. Реков „не можам“, а тој рече „ама јас не можам повеќе од тебе“.
Тука ме шармираше, имаше шарм и отидов да пеам (во апостолки, бидејќи наидов на него на враќање од плажа)... луѓето дојдоа да го слушаат Оливер, јас им ја објаснив ситуацијата и сите се смееја.
Ова на видеото не е од тој концерт, овој е одржан во клуб во дијаспората пред 2 години, нешто пред тој да си замине... сите сакаме да запееме негова песна. Бидејќи луѓето секаде го сакаа и сите го сакаме... Засекогаш (си тука...)“
М. М. | Црнобело